Мицкоски: Скопското Кале ќе се обнови и ќе стане значајна туристичка атракција
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале – Музејот на праисторија и Музејот на османлискиот период.
Мицкоски најави дека во периодот што следува Калето треба да добие нов изглед и подобрена функционалност, со цел локалитетот да прерасне во една од позначајните туристички атракции во главниот град.
Според него, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка за реализација на планираните активности и за целосно уредување на просторот.
Премиерот посочи дека активностите треба да започнат во текот на оваа година, а доколку сè се одвива според планот, Скопското Кале би требало да го добие посакуваниот изглед во текот на следната година.
Тој оцени дека досегашното уредување, вклучително и хортикултурното средување, не е доволно и дека локалитетот има многу поголем туристички и културен потенцијал.
Мицкоски истакна и дека целта е Калето да биде целосно ставено во функција и да стане дел од програмата „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
АЛТА БАНКА има преку 30 милиони евра…
Продажба на Алта Банка А.Д Битола на…
Пожар во куќа во Карпош
Вчера изутрината бил пријавен пожар во куќа…
Двајца возачи уапсени за безобѕирно управување: Едниот…
Во текот на изминатото деноноќие, на различни…
Еве како победи ДУИ во Брвеница: Полн…
Гласачи од дијаспората дошле со авион за…
Почина Самка Ибраимовски
Почина Самка Ибраимовски, лидер на Партијата за…