Мицкоски: Слободата не започнува на границите на една држава, туку во срцето на еден народ
Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Пелинце порача дека слободата не започнува на границите на една држава, туку во срцето на еден народ.
Вели дека Крушево и АСНОМ не се две различни приказни.
„Во Крушево се покажа дека народот не престанува да сонува, а во АСНОМ се покажа дека народот знае и да создава“, рече Мицкоски.
Премиерот вели дека антифашизмот станал трајна македонска определба. Рече дека македонскиот народ и националностите самите се изборија за слобода. Тој зборуваше и за опозицијата и рече дека носеле одлуки кои не им се допаѓаат на Македонците. Вели дека опозицијата навива тие да не успеат.
„Никогаш нема да го разочарам народот, јас предавства на штета на народот, како што правеа во минатото, по ниту една цена нема да направам“, вели Мицкоски.
Премиерот додаде дека надежта е најсилната движечка сила на нашето општество. Вели дека вистински непријател е секој оној што ја разорува довербата од внатре.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…
Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…
Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…
Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…
АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…
Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…
Охриѓанец исчезнал од семејниот дом, полицијата трага…
На 10.11.2026 година, во 17:00 часот, во…
Иран отвори прв воен камп за обука…
Иран го отвори својот прв воен камп…