Мицкоски: Случајот „Михаилова“ не заслужува посебно внимание

t

Навредливите коментари на бугарскиот министер за внатрешни работи во врска со случајот со Ива Михаилова не заслужуваат посебно внимание, оценува Премиерот Христијан Мицкоски. Според него сите прозивки од источниот сосед на таа тема не треба да добиваат толкаво внимание.

„Имам што да одговорам, но мислам дека поединци не заслужуваат да бидат во центарот на вниманието. Овој тип на естрада што денеска ја гледаме таму, поврзана со фолклорот околу нивните претседателски избори, не заслужува коментар“, изјави Мицкоски.

Министерот за здравство Сашо Клековски потврди дека со бугарската министерка за здравство постигнале премолчена согласност – случајот со Ива Михаилова не е здравствено, туку правно прашање.

„Во основа, постигнавме премолчена согласност дека прашањето на Ива Михаилова не е здравствено прашање, туку прашање од областа на правдата, бидејќи лицето е бегалец од правдата и се бара со меѓународна потерница. Бидејќи тоа е прашање на правдата, а не здравствено прашање, не го разгледувавме“, изјави Клековски.

Извештајот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат за случајот „Михаилова“ е дополнет по барање на министерот Клековски, кој побарал да се опфатат сите здравствени установи во кои била лекувана пациентката. Тој појасни дека првичниот надзор бил спроведен по иницијатива на Клиниката за неврологија, но не го опфатил целиот тек на лекувањето и здравствените постапки во различните здравствени установи во Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Случајот „Михаилова“ не заслужува посебно внимание

Навредливите коментари на бугарскиот министер за внатрешни…

Шпекулации за договор меѓу САД и Иран,…

Дипломатските напори за намалување на тензиите меѓу…

Божиновска: Поддршката за стабилноста на пазарот на…

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини…

Европа плаќа политичка цена за скапите горива:…

Растечките трошоци за гориво и живот го…

Уште „не знаат“ кој ги нападнал –…

Покрај испитувањето на остатоците од дроновите, во…