Мицкоски со државниот секретар на САД Рубио: Го јакнеме стратешкото партнерство и ги застапуваме македонските државни интереси
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во рамки на престојот во Њујорк истакна дека имаше можност да разговара со државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Марко Рубио, посочувајќи дека ваквите разговори имаат особено значење за односите меѓу Македонија и САД.
„Во Њујорк разговарав со државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Марко Рубио. Овие разговори имаат особено значење и претставуваат потврда на важноста на стратешкото партнерство и континуираниот политички дијалог со Соединетите Американски Држави“, истакна Мицкоски.

Тој посочи дека директната комуникација на високо политичко ниво е важна можност за размена на ставови за прашањата од заеднички интерес, продлабочување на билатералните односи и натамошно зајакнување на позицијата на Македонија како стабилен и доверлив сојузник.
„Во период на сериозни геополитички предизвици, силните партнерства и отворениот дијалог со нашите стратешки сојузници имаат уште поголема тежина. Македонија има јасни државни интереси и продолжува достоинствено и принципиелно да ги застапува заедно со нашите стратешки партнери“, нагласи претседателот на Владата.
Мицкоски порача дека Владата продолжува да работи на натамошно унапредување на односите со Соединетите Американски Држави и на отворање нови можности за соработка.
„Продолжуваме да го јакнеме македонско-американското стратешко партнерство и да создаваме нови можности“, истакна Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ИРАН СО УЛТИМАТУМ ДО САД: Престанете да…
Иран испрати остра порака до Соединетите Американски…
Мерц се закани дека ќе го блокира…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц се закани дека…
Американски функционер тврди дека Русија и Украина,…
Русија и Украина со добра волја пристапуваат…
Експлозија во турска челичарница: Загинаа 16 луѓе,…
Најмалку 16 лица загинаа, а 13 се…
Трагедија кај Крит: Четиринаесет мигранти загинаа при…
Четиринаесет мигранти загинаа во обид со чамец…