Мицкоски со поддршка за нашите во туѓина: Се што сакате ќе прифатиме само да гласа дијаспората
Премиерот Мицкоски и денеска повтори дека ВМРО-ДПМНЕ е отворено за консензус за изборниот законик. Одговарајќи на новинарски прашања при теренската посета на Битола рече дека се она што СДСМ, ДУИ и Левица ќе ги предложат во делот на измените на изборниот законик, неговата партија е подготвена да го прифати, но да остане можноста да и се даде шанса на дијаспората на следните претседателски избори да гласа во поедноставна процедура.
Се помали се шансите во наредните недела дена партиите да најдат консензус за измените на изборниот законик кои се последната од 10те реформи дел од планот за раст. Рокот истекува на 15 јули а од реализацијата на оваа реформа зависат околу 4 милиони евра кои Македонија би ги добила од Европската Унија
Измените на изборниот законик се еден од малкуте закони кои можат да се блокираат со филибастеринг па СДСМ и Левица поднесоа 13.500 амандмани. Левица меѓу другото бара и една изборна единица, позиција која е прифатлива за власта но не и за останатите партии, особено во албанскиот блок.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Затвор за лажни вести што ќе го…
Со новиот Кривичен законик, кој е испратен…
Стуб најавува нова рунда преговори за Украина…
Средба на претставници на САД, Русија, Украина…
Нови правила за патување во Европа од…
Граѓаните на Македонија, како и на другите…
Турција планира изградба на втора нуклеарна централа…
Канадската инженерска компанија „АткинсРеалис“ потпиша меморандум за…
Рама за победата на Студентската листа: Србија…
Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека Србија,…