Мицкоски: Стапката на сиромаштија бележи намалување
Во текот на денешната посета на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања се осврна и на последните статистички податоци за сиромаштијата во земјата.
„Што се однесува до стапката на сиромаштија, сакам да кажам дека во 2024 е подобра од 2023 и е најдобра од 2020 па наваму. Ако во 2020 стапката на сиромаштија била 23%, во 2023 година била 22,2%, во 2024 година таа е 21,9%. Кога станува збор за нееднаквоста на доходите односно т.н. Џини индекс во Македонија, е исто така најдобар во последните 4 години во 2024 година. Од 33,3% сега е на 29,1% и е најдобар во регионот”, изјави премиерот Мицкоски.
Тој истакна дека Џини индексот е прв пат под 30% во последните 30 години и е подобар од европскиот просек и од сите држави во регионот, а тоа значи дека има поголема еднаквост во распределбата на приходите помеѓу населението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица: Економскиот раст на Мицкоски е статистичка…
Фалбите од собраниска говорница, на Христијан Мицкоски…
Левица: ДПМНЕ пропагира многудетни семејства, а секое…
Додека партиите на власт пропагираат многудетни семејства…
СДСМ: Македонија е шеста најсиромашна земја во…
Македонија е шеста најсиромашна земја во Европа,…
Секој петти жител на Македонија е сиромашен,…
Секое петто лице во Македонија е сиромашно,…
Секој петти граѓанин е сиромашен!
Во 2024 година, стапката на сиромашни лица…