Мицкоски: Трпам критики, но молчам заради истрагата за „Пулс“
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека свесно не дава изјави за обвинувањата кон него за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 62 лица, а десетици беа повредени. Тој нагласи дека целосно ја препушта постапката во рацете на Јавното обвинителство.
„Јас сум внимателен кога станува збор за истрагата во Кочани. Обвинителството има одврзани раце да прави буквално сѐ со тој случај. Затоа молчам. Трпам критики и трпам, ама Обвинителството нека си ја заврши работата“, рече Мицкоски за истрагата за пожарот во „Пулс“.
Истрагата за пожарот се ближи кон крајот. Мицкоски порача дека очекува Обвинителството до крај да ја расветли трагедијата, но дека нема да дозволи политизација на случајот додека не заврши постапката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кристи Мекормик е предложена за нова амбасадорка…
Претседателот на САД – Доналд Трамп ја…
ЕУ ќе воспостави присуство на својата воена…
Советот на Европската Унија одлучи да воспостави…
Син ја нападнал мајка си во тетовско
24-годишно момче е приведено во Тетово откако неговата…
15.000 потписи за електронски алки за насилниците…
Петнаесет илјади граѓани за помалку од три…
(ФОТО) Пелени, влошки, па дури и јамболии…
Влажни марамчиња, пелени, хигиенски влошки, па дури…