Мицкоски ја обвини Бугарија за закани кон неговото семејство

t

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на промоција на печатени учебници во ООУ „Љубен Лапе“ во општина Аеродром. Тој одговараше на новинарски прашања за тоа дали очекува позитивен развој во односите со Бугарија во контекст на евроинтегративниот процес, оценувајќи дека последните сигнали од Софија не даваат причина за оптимизам.

Одговарајќи на новинарско прашање дали очекува напредок во разговорите со Бугарија, Мицкоски рече дека ситуацијата, според него, дополнително се радикализира.

„Не, не очекувам. Сигналите кои доаѓаат од таму не ме прават оптимист, напротив, состојбата се радикализира“, рече премиерот.

Тој како пример го посочи неодамнешното испраќање дипломатска нота од Бугарија, поврзана со престојот на неговата сопруга и малолетниот син во Пампорово.

„Вчера видовме еден преседан во дипломатијата кога излезе дипломатска нота за тродневен престој на мојата сопруга со мојот помал син кај наши пријатели во Пампорово. Тоа е невообичаена пракса во светот на дипломатијата и можеби единствена како таква“, изјави Мицкоски.

Премиерот додаде дека за случајот веќе ги информирал и партнерите од НАТО, оценувајќи дека со ваквиот потег се загрозува безбедноста на неговото семејство.

„Со ова вадење на дипломатска нота се загрозува безбедноста на моето семејство“, рече Мицкоски.

Тој посочи дека Владата останува фокусирана на реформите и економскиот развој, без разлика на случувањата во односите со источниот сосед.

„Ние да останеме фокусирани на тоа што е наша задача, а тоа е да ја испорачуваме реформската агенда, да ги правиме реформите дома, да ја градиме економијата и да решаваме проблеми“, изјави премиерот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лажеле дека купуваат трактори, трвделе дека се…

Неправилности при користењето на финансиската поддршка во…

Џенсен Хуанг имал интимна врска со уште…

Поранешниот извршен директор на „Енвидија“, Џенсен Хуанг,…

Сериозни проблеми: Прекин во Microsoft 365 во…

Прекин во услугите на Microsoft на 12…

Две години затвор за поранешниот директор на…

Основниот суд во Битола му изрече две…

Тошковски: Ива Михајлова не е регистрирана на…

Досегашната истрага за бегството на Ива Михајлова…