Мицотакис ги информирал колегите од НАТО дека Мицкоски дома не употребува Северна, во Вашингтон бил примерен
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис кажа дека премиерот Христијан Мицкоски, на официјалните состаноци на сите лидери на НАТО, го користел уставното име на државата, за време на прес-конференција за грчки медиуми на Самитот на НАТО во Вашингтон, пренесе „Гласот на Америка“.
Мицотакис рече дека ги информирал колегите во НАТО дека Мицкоски не го спроведува клучниот член од Договорот од Преспа, а тоа е името Северна Македонија да го употребува ерга омнес, што значи внатре и надвор од државата.
„Имав можност да ги информирам моите колеги за фактот дека премиерот на Северна Македонија избра да не го спроведува клучниот член од договорот во врска со употребата на ерга омнес и неговата одлука да ја нарекува неговата држава „Република Македонија“ дома, што очигледно е изречно забрането со договорот. Секако, сакам да истакнам дека во просторијата и во присуство на сите лидери на НАТО, тој не ја следеше оваа тактика и го користеше уставното име на својата земја“, изјави Мицотакис.
Тој кажа дека во овој момент Грција „нема да го открие оружјето со кое располага за да одговори на тактиката на лидерството на соседната земја“, но додаде дека вака или онака тоа ќе сфати дека оваа тактика е целосно контрапродуктивна.
Стејт департментот, за Гласот на Америка на македонски, кажа дека е важно да се почитува Преспанскиот договор, одговарајќи на прашањето дали САД ќе разговараат со новата Влада, по изјавите на Мицкоски на Самитот на НАТО.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дете од Дебар е тешко повредено во…
Возач на автомобил вчера во Дебар удрил…
Се гради најголемата пловна населба во Европа!
Најголемата пловна населба во Европа наскоро би…
„Макрон секогаш сфаќа погрешно“ – Трамп го…
Американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална…
Јаневска: Над 13.200 пријави за упис во средно…
Министерката за образование, Весна Јаневска на својот…
Во мај пријавени се три случаи потврдени…
Во текот на мај, во државава пријавени…