Мицотакис: Грција се противи на испраќање војски од европските земји во Украина

t

„За Грција не станува збор за испраќање европски или НАТО сили во Украина“, изјави грчкиот премиер Киријакос Мицотакис по конференцијата на европските лидери за Украина, организирана од францускиот претседател Емануел Макрон во понеделникот во Париз.

Тој додаде дека на средбата била потврдена единството и решителноста на сојузниците да ја поддржат Украина да се брани од руската инвазија.

Макрон по конференцијата изјави дека нема консензус за испраќање војници од европските земји во Украина, но нагласи дека „ништо не треба да се исклучи“.

„Во овој момент нема консензус за испраќање војници. Ништо не треба да се исклучи. Ќе направиме се за да не победи Русија“, рече Макрон на прес-конференција, пренесе Ројтерс.

На самитот во Париз присуствуваа околу 20 европски лидери, а Елисејската палата објави дека целта на средбата е да му се испрати на рускиот претседател Владимир Путин „порака дека Европа е решена да и помогне на Украина и да се спротивстави на наративот на Кремљ“ дека Русија мора да победи војната.која влезе во третата година“, пренесува Танјуг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Абу Даби почнуваат трилатералните разговори за…

Во Абу Даби денеска почнува нова рунда…

Украински напад врз една од најголемите руски…

Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…

Трамп пред средбата во Абу Даби: Договорот…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека страните…

Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…

Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…

Трамп: Русија и Украина за првпат се…

Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…