Објавено на:

Мицотакис му врати на Ердоган: Не сака да ја види Грција силна и независна

t

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во обраќањето на денешната владина седница истакна дека на неговите патувања во САД и Давос била пренесена пораката дека „Грција е силна на секое ниво: дипломатско, одбранбено, економско, но сега и енергетско.

– Силна Грција, се разбира, на некои им пречи, додаде Мицотакис, осврнувајќи се на Турција и последните случувања во грчко-турските односи.

Тој рече дека соседот колку повеќе се заканува „толку повеќе се разоткриваат” и „колку повеќе нè предизвикуваат толку повеќе се маргинализираат”.

– Многупати имаме кажано дека географијата сака да сме еден до друг, но, за жал, тие избираат да застанат наспроти нас, наспроти меѓународното право, наспроти Европа, наспроти НАТО. Па така, ние, немаме причина да отвориме дијалог со незаконското, со неисториското и на крај со ќорсокакот. Напротив, секогаш сме отворени за секој пристап заснован на меѓународното право, но и на добрососедските односи. Но, тоа не значи дека нема да ги браниме нашите права и очигледно не значи дека нема да го објавуваме на меѓународно ниво, на сите форуми, сето она неприфатливо што се случува во нашиот регион во последните месеци, рече Мицотакис.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Историски момент: Грција добива астронаут во Вселената

Човекот кој треба да стане првиот грчки…

Турција предлага формирање полициска агенција Туркпол со…

Турскиот министер за внатрешни работи, Мустафа Чифтчи,…

Грчки остров ќе им дава по 3.000…

Општина Нисирос ќе им исплаќа еднократна помош…

Гркинка на 54 години роди девојче од…

Гркинка сред шестото десетлетие од својот живот…

Девојка од 22 години стана прв тренер…

Поранешниот турски второлигаш Тургутлуспор го привлече вниманието…