Мицотакис одговори на заканите од Москва: Не сме обврзани да бараме дозвола од Москва
Грција ги води своите меѓународни односи во согласност со меѓународното право и со почитување на државите, изјави премиерот Киријакос Мицотакис како одговор на заканите на Москва во врска со потпишаниот договор меѓу Атина и Киев за заедничко производство на поморски беспилотни летала.
Портпаролот на владата Маринакис даде уште поостра изјава: „Не сме обврзани да бараме дозвола од Москва, Грција е независна земја.“
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека Атина е меѓу првите земји што му дале воена помош на Киев.
Според руската страна, испратеното оружје го користи украинската армија во областите каде што живеат етнички Грци.
На средбата меѓу Зеленски и Мицотакис, грчкиот премиер нагласи загриженост за безбедноста на етничките Грци, кои живеат главно во регионот Одеса.
Европската комисија изрази целосна солидарност со Грција. Во разговор за грчките медиуми, портпаролката на комисијата, Анита Харпер, изјави: „Не е изненадувачки што Русија посегнува по закани“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Воен авион се урна во Русија, загинаа…
Тешка авионска несреќа со воен авион се…
Русија се закани со нуклеарен одговор во…
Руската амбасада во Велика Британија денеска предупреди…
Грчкиот раст и натаму е над европскиот
Грција и натаму бележи повисок економски раст…
Украинскиот град Олешки се соочува со глад…
Украинските сили доставија околу 4 тони храна…
Русија тестираше борбен ласер против беспилотни летала…
Припадници на руските единици за радиолошка, хемиска…