Објавено на:

Мицотакис со емотивен говор : „Грција во моментов е во војна, ќе изградиме се што изгубивме“

t

Грција во овој момент се наоѓа во војна, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис од Парламентот, во обраќањето посветено на катастрофалните пожари кои пеплосуваат делови од земјата. Мицотакис порача дека Грција има сила одново да го изгради она што го изгубиле, најави дека ќе ги обештетат погодените, и истакна дека прв приоритет секогаш мора да биде заштитата на човечкиот живот, јави дописничката на МИА од Атина.

За ситуацијата на Родос рече дека и покрај големиот пожар и силниот ветер кој дополнително го разгорува пожарот и го отежнува гаснењето, сепак, „десетици илјади лица организирано и навремено беа пренесени на безбедни места“ и додаде дека „претстојат уште три тешки денови“.

– За среќа, и покрај невидениот залет на пожарот, нема загубени животи, нема сериозно повредени, за уште еднаш да се докаже дека пред манијата на природата, ниту една мерка никогаш нема да биде доволна. Уште повеќе што летово има континуирани интензивни топлотни бранови, со повисоки температури, со поголема суша, рече Мицотакис.

Тој истакна дека државата не потфрлила, била зајакната „како никогаш досега“ со дополнителни воздушни средства за гаснење и повеќе пожарникари и потенцираше дека бројот за итни случаи 112 е „скапоцен, бидејќи спаси животи на илјадници луѓе“, што воедно е и нивниот главен приоритет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…