Мишел: Македонци, вашата земја го прави првиот клучен чекор во преговорите со ЕУ
– Сфаќам дека патот до оваа точка е долг и предизвикувачки. Како што видов од прва рака, дебатата беше особено интензивна во Северна Македонија, но на крајот доведе до позитивно гласање во националниот парламент, Собранието, потенцира Мишел.
Тој нагласува дека на патот кон полноправно членство во ЕУ, Северна Македонија може да смета на неговата целосна поддршка.
– Денес, конечно направивме важни чекори напред во отворањето на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија. Во Брисел се одржаа меѓувладини конференции на министерско ниво за спроведување на одлуката на Европскиот совет од март 2020 година за отворање на пристапните преговори. Им честитам на властите и на граѓаните на Северна Македонија и Албанија за ова долгоочекувано достигнување, потенцира Мишел.
– Претстои напорна работа за нашите преговарачи, во Скопје, Тирана и Брисел, во оваа клучна фаза. Во наредните месеци ова ќе изгради солидна основа за отворање на кластерите на преговарачките поглавја. Паралелно, ЕУ ќе се фокусира на повторно поттикнување на процесот на проширување. На состанокот на лидерите ЕУ-Западен Балкан и на јунскиот Европски совет, решивме да внесеме нова динамика и нова определба да одиме напред заедно. Дополнително ќе ја унапредиме постепената интеграција на ЕУ и регионот, веќе во текот на процесот на проширување. Западен Балкан припаѓа на ЕУ и ние треба да го оствариме тоа. Нашата иднина е заедно, а иднината на нашите деца ќе биде попросперитетна и побезбедна додека го унапредуваме нашиот проект за заеднички вредности, додава Мишел во изјавата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Страв од нова ескалација на Блискиот Исток:…
Безбедносните предупредувања за Блискиот Исток се засилуваат…
Катарски дипломат: Можеби сме во првата година…
Портпаролот на катарското Министерство за надворешни работи,…
ВМРО-ДПМНЕ: И покрај новиот во низа дебакл…
ВМРО-ДПМНЕ смета дека и покрај демократските принципи…
Идниот месец се менува целиот систем на…
Македонската банкарска асоцијација ја информира јавноста дека…
(Фото) Најдете си некој кој ќе ве…
Бугарија е подготвена да го надгради стратегиското…