Објавено на:

Мијатовиќ жестоко удри по Винисиус: Какво е тоа однесување…

t

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Предраг Мијатовиќ го искритикува Винисиус Жуниор за она што го направи на синоќешниот меч против Лајпциг.

Иако го постигна голот за водство на својот тим, Бразилецот беше во центарот на вниманието поради тоа што го фати за врат противничкиот фудбалер Орбан. Нејасно е како ниеден судија, дури ни оние во ВАР не го забележаа инцидентот бидејќи за тоа Винисиус требаше да добие и црвен картон.

„Не го разбира ваквото однесување. Кога сите мислеа дека се смирил, тој прави ваква работа, многу ме изненади.

Морам да кажам уште една работа. Замислете во првиот натпревар, голот што му го поништија на Лајпциг, да му беше поништен на Реал. Сите ќе збнорувавме дека УЕФА не не сака и дека сите се против нас. Треба да се биде објективен, овој потег на Винисиус е последица на фрустрација. Мора да се биде повнимателен затоа што може да ја остави екипата со 10 играчи“, изјави Мијатовиќ.

Ова не е прв ваков потег на Винисиус последните години, без разлика дали се работи за натпревар од домашното првенство или од Лигата на шампионите. Најлошо е тоа што секогаш кога фудбалската јавност ќе се сврти против него по вакви испади, тој и Реал се жалат на расизам.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полскиот претседател Навроцки ќе ги одликува двајцата…

Полскиот претседател Карол Навроцки планира со државни…

Терористот од Краков почина во болница

Михал Оксински, кој уби шест лица во…

Трамп пред средбата во Абу Даби: Договорот…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека страните…

Денес се празнува Светиот маченик Нестор

Во времето на страдањето на Св. Димитриј…

Метео: Видете какво ќе биде времето денес

Променливо облачно со повремени локални врнежи од…