Објавено на:

Ми беше вистински пријател: Путин емотивно се прости од Берлускони

t

Рускиот претседател Владимир Путин го смета поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони за исклучителен политичар, вистински патриот на својата земја, кој даде голем придонес во развојот на руско-италијанската соработка.
Во врска со смртта на Берлускони, шефот на руската држава испрати телеграма до италијанскиот претседател Серџо Матарела во која изразува „најдлабоко сочувство во врска со смртта на извонреден италијански политичар“.


„Најважните настани во поновата историја на Италија се поврзани со името на овој исклучителен човек. Како вистински патриот, Силвио Берлускони секогаш ги ставаше интересите на својата татковина над сè друго“, рече рускиот лидер.

Според Путин, Берлускони „со право се сметал за шампион на италијанската политика и уживал висок меѓународен авторитет“.
Според рускиот претседател, Берлускони „даде навистина непроценлив личен придонес во развојот на заемно корисни руско-италијански партнерства“.


„Во Русија, Силвио Берлускони ќе остане запаметен како доследен и принципиелен поддржувач на зајакнувањето на пријателските односи меѓу нашите земји“, увери Путин.
Тој додаде дека за него лично Берлускони „бил драг човек, вистински пријател“, на чија мудрост се восхитува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ердоган: Турција е единствената што може директно…

Турција е единствената што може директно да…

Вучиќ му честиташе на Орбан за организирањето…

Српскиот претседател Александар Вучиќ разговараше по телефон…

Путин го разреши заменик шефот на неговата…

Рускиот претседател Владимир Путин го разреши Дмитриј…

Зеленски до Трамп: Покажете јасен став и…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Доналд…

Трамп побара од ЕУ да го притисне…

Американскиот претседател Доналд Трамп побарал од Европската…