МИ СЕ ОТВОРИЈА ОЧИТЕ: Лазаров ќе внимава кого кани да игра во репрезентацијата
Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, им честита на ракометарите затоа што завршија со победа над Турција во циклусот за ЕП 2024, но најави и промени, затоа што овој дуел „му ги отворил очите“.
– Ние бевме фаворити на хартија, тоа сите го знаевме и свесни дека сме фаворити. Но, Турција не беше иста, имаше двајца до тројца играчи повеќе. Во изминатите два дена бев доста нервозен, не бевме фокусирани и коцентрирани, си мислевме дека се е завршено. Мора да сме спремни за борба со секој противник, од почеток до крај. Од минус четири, дојдовме до плус четири, ме радува пресвртот, увидов на некои работи дека во иднина треба добро да размислам кого ќе го повикам во националниот дрес. Јас пробувам да им дадам шанса на сите, меѓутоа во иднина ќе внимавам, ми се отворија очите, затоа што работи кои се повторуваат, треба да се решаваат. Честитки за момците, се изборија за победата машки. Не е исто да се заврши со пораз и со победа. Она кое го направивме ќе ни служи многу, но и доста работи ќе мора да менуваме. Не е дека не сум задоволен, туку имам само визија плус – изјави Лазаров.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучиќ: Нема да дозволиме да ја украдат…
На самиот крај од изборната кампања, пред…
ОБВИНИТЕЛСТВОТО ГО ОСПОРИ ВЕШТАКОТ НА ГАЗДА ДЕКО,…
Вештакот Петре Русески, ангажиран од одбраната во…
Трамп најави дека ќе објави детали за…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека располага…
Преговори за нов попуст: ќе продолжи ли…
Ќе плаќаат ли возачите помалку за дизел…
Барнам: Британија се соочува со „економска катастрофа…
Велика Британија се соочува со „економска катастрофа…