Младите гледаат колку е сатот, дека државичево е плодно само за криминалци: Паметни се, ќе им се радуваат Германија, Малта, Америка…

t

Божидар Божиновски ги коментира најновите анкети кои покажуваат дка девет од десет малди Македонци сакаат да се иселат од државата.

– “90% од младите сакаат да се отселат од Македонија”

Некои велат дека ова е поразително, но воопшто не е. Значи имаме паметна младина која гледа колку е сатот, дека држабичево и општеството е плодно тло само за криминалци и полтрони, дека корупцијата е навлезена од влада до најниски локални ограноци на институциите, дека оние кои нѐ владеат веќе го имаат целиот капитал кај себе и не е ни важно веќе кој е на власт, власта се менува – олигарсите не можиш да ги смениш. Сфаќаат дека овде убива воздухот, храната, почвата, водата, лажните дипломи, неправдите, не сакаат да си го фрлат цел живот во борби со ветерници со партиски глувци кои се побројни и знаат само да глодаат буџети, да глодаат надеж, да го глодаат оние кои не им се живее во нивната партиска канализација која за такви глувци е рај. Властите ја продада и иднината и минатото и сегашноста, ги продадоа и младите, ја убија и надежта дека може да е подобро. – пишува Божиновски на Фејсбук.

Паметни се младите, за жал нив ќе им се радува Германија, Америка, Малта, Австралија…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Страшна статистика: Семејствата со помали деца најмасовно…

Бројот на лицата кои ја напуштаат Македонија…

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…

Страшно: Над 14 милиони Украинци ја напуштиле…

Обединетите нации соопштија денеска дека повеќе од…

Исчезна 14-годишната Ринеса: Ако имате било каква…

Новинарот Фуркан Салиу, објави дека е исчезнато…