Младите сè почесто пребаруваат информации преку TikTok и Instagram

t

Google објави податоци кои се малку поразителни кога станува збор за гигантот за пребарување на интернет.

Имено, според анализата, близу 40 проценти од генерацијата Z одлучуваат да пребаруваат на интернет преку популарните апликации TikTok и Instagram, во споредба со пребарувањето на Google Search и Maps.

Како што објави TechCrunch, извршниот директор на Google, Сундар Пичаи, истакна дека е свесен дека форматот TikTok го менува начинот на кој младите пребаруваат на интернет и додаде дека Google сака да биде во чекор со светските трендови.

Интерна студија и статистика на компанијата покажуваат дека речиси 40 отсто од младите кога бараат место каде планираат да ручаат, не одат на Google, туку на TikTok или Instagram.

Google планира одредени промени, кои треба да привлечат помлада публика, а тоа ја вклучува и можноста корисникот да ја движи камерата на одредена област и да добие подобар преглед на достапните објекти на поширока сцена.

Веќе имаше извештаи дека TikTok сè повеќе станува закана за Google, особено кога станува збор за видео сервисот на компанијата YouTube.

TikTok е најбрзо растечката апликација во сегментот на социјалните мрежи и доживеа вистинска експанзија во последниве години. Приходите од рекламирање на TikTok се очекува да го надминат YouTube до 2024 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ смирува: Нема да има Трета светска…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека…

(Видео) Пендаровски му одговори на Мицкоски: Еве…

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски вечерва од Кичево…

Нападнат малолетник во Центар

На 05.04.2024 во 23:30 часот во СВР…

Нови видеа по пукањето на браната во…

Објавена е нова снимка од Орск каде…

(Во живо) Вонредни „Тешки муабети“ со Фуркан…

Следете ја во живо денешната вонредна епизода…