Млади битолчани лажеле дека се 14-годишно девојче, намамувале, снимале и понижувале тинејџери
Шестмина млади битолчани, меѓу кои и еден малолетник, заработија кривични пријави откако подолг период организирано мамеле машки лица преку лажен профил на социјалните мрежи, а потоа ги снимале, понижувале и јавно ги објавувале нивните лични податоци.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека СВР Битола поднела кривична пријава против Н.Р. (22), М.И. (19), О.Н. (19), Л.Г. (19), А.Д.В. (18) и 15-годишник, сите од Битола, поради сомнение за сторени кривични дела „насилство“, „злоупотреба на лични податоци“, „неовластено снимање“ и „самовластие“.
Според истрагата, од февруари 2025 година пријавените дејствувале како организирана група и преку лажно креиран профил на социјалните мрежи се претставувале како 14-годишно девојче. На тој начин воспоставувале комуникација со машки лица и договарале средби на различни локации во Битола.
-Кога оштетените ќе пристигнеле на договореното место, биле пресретнувани од членовите на групата, кои ги снимале без нивна согласност, ги навредувале, омаловажувале и психички ги малтретирале. Според МВР, тие биле принудувани да даваат изјави дека се „педофили“, по што снимките и нивните лични податоци биле јавно објавувани на социјалните мрежи.
Со ваквите постапки кај оштетените биле предизвикани страв, понижување и чувство на загрозена сигурност,велат од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
15-годишно момче донесено во болница без знаци…
15-годишно момче од Гостивар било донесено во…
Возач на тротинет удри во пензионерка во…
МВР информира дека завчера попладне околу 14:00…
Кривична за двајца вработени во Брза помош…
СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.В.(35)…
Повозрасен маж во автобус во Скопје допирал…
МВР информира дека синоќа во 21:40 часот…
Трактор излета од пат во Пехчево, загина…
Вчера во 21:30 часот во ОВР Берово…