Млад доктор ја посрамоти Македонија: И тие што сме тука ќе си заминеме

t

Малд доктор, коментирајќи ги реакциите на денешниот протест на матичните доктори, на социјалните мрежи посочи дека ниските примања на докторите, долгите години вложени во образование, пракса и бесплатно стажирање, а потоа и платата со која одвај можат да си ги покријат основните трошоци, ќе ги избрка од земјата и оние што сѐ уште не заминале.

Неговата реакција ви ја пренесуваме во целост:

„Се изнапишавте глупи коментари за денешниот протест на матичните доктори, никој не пиша дека првата плата како млад доктор во државава се зима на 28/29 години, од срам нема ни да пишам колку изнесува почетната плата,а и ако пишам ќе бидам сфатен дека деградирам професии, само една паралела земаме помала плата од професии и занаети за кои не е потребно ни факултет, додека еден млад доктор од просечна македонска фамилија со сите години студии и сите години бесплатно стажирање волонтирање и тапшање по рамо од државата,му се потребни од 7-9 години во просек МАКОТРПНО вложен труд да си дозволи да си плати кафе од сопствен џеп затоа што тогаш и земаме прва, плата 🙂 , и додека вие ден губите и плукате по столбовите од кои зависите многу мои млади колеги веќе градат кариери по светов, платени ценети и вреднувани за трудот а кај и да и ние што останавме ќе си заминеме, затоа што уште денар немаме видено а секојдневно лечиме со изговор дека медицината е хумана професија, а вие драги секогаш имате google и чај од маточина поздрав и секое добро 😁“, вели тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ СКОПЈЕ: ТОШКОВСКИ И НАДЛЕЖНИТЕ МОРА ДА…

Градската организација на СДСМ Скопје побара одговорност…

СЕ РАСПАЃА ДОГОВОРОТ МЕЃУ ТРАМП И ПУТИН?…

Договорот за испорака на руски дизел во…

Во изминатото деноноќие 19 кривични дела „безобѕирно…

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата…

Почина проф. д-р Зоран Спировски, еден од…

Почина проф. д-р Зоран Спировски, истакнат торакален…

Почина проф. д-р Зоран Спировски, еден од…

Почина проф. д-р Зоран Спировски, истакнат торакален…