Млад Србин исчезна на Кипар, кога последен пат се чул со мајка си ѝ кажал дека е болен
Александар Глигоријевиќ од Србија исчезнал минатата недела во Аја Напа, Кипар, споделија неговите пријатели на социјалните мрежи.
Како што се наведува на мрежите, тој сам отпатувал за Кипар каде пристигнал во четвртокот на 18 јули и бил сместен во хостел кој има соби со 7-8 кревети.
Доколку сте го виделе или слушнале, ве молиме контактирајте ме веднаш или јавете се во полиција. Последен пат разговарав со него минатата недела на 21 јули на WhatsApp, а тој подоцна го посети барот каде што работам. Беше здрав и среќен. Денеска бев контактиран од неговата мајка од Србија, која изјавила дека го пријавила за исчезнат, се наведува во соопштението.
Мајката на Александар последен пат разговарала со синот на 24 јули, кога тој ѝ кажал дека е болен и има вирус, пишува Блиц.
По тој повик, неговиот телефон стана недостапен и никој не може да стапи во контакт со него. Семејството е многу загрижено. Неговите работи биле оставени во хотелот откако тој излегол во петокот вечерта на 26-ти јули на забава. Ако некој го видел или слушнал , ве молам испратете ми порака за да се обидеме итно да го најдеме.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЗЕЛЕНСКИ БАРА ПИСМЕНИ ГАРАНЦИИ ОД ЗАПАДОТ: Украина…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од западните…
Мерц му порача на Трамп: Мировниот договор…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц му порача на…
НОВИ ЕКСПЛОЗИИ ВО ИРАН: Силни детонации во…
Иранските медиуми јавуваат за нови експлозии во…
ЕУ и НАТО: Претстои уште многу работа…
Европската Унија и НАТО повторија дека претстои…
ИРАК СЕ ПОДГОТВУВА ЗА НОВА ВОЈНА МЕЃУ…
Ирак започнал подготовки за можен нов вооружен…