ММФ: Војната во Украина ќе доведе до забавување на економскиот раст
Војната во Украина ќе придонесе за забавување на економскиот раст во светот, но нема да предизвика глобална рецесија, изјави директорката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристалина Георгиева, објавувајќи ги новите прогнози на ММФ за април.
Таа на форумот на магазинот„ Форин полиси“ рече дека глобалниот економски раст ќе успее да остане позитивен оваа година и покрај војната во Украина, но оти голем број држави со веќе слаби економии би можеле да паднат во рецесија.
Според последните прогнози на ММФ од јануари, за 2022 година е проектиран глобален раст од 4,4 отсто што е за половина процент помалку од октомвриската прогноза.
Георгиева рече дека шоковите поради високите цени на енергенсите и храната предизвикани од војната во Украина и санкциите против Русија силно ќе ги погодат земјите во развој, сето во комбинација со построгите финансиски услови во услови кога напредните земји ги зголемуваат каматните стапки.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бака ја прифати номинацијата за претседател на…
Андраш Бака (73) ја прифати номинацијата на…
Зеленски: Пристигнуваат до 50.000 војници од Северна…
„Севернокорејците се појавуваат на територијата на Руската…
Германија предупредува на секојдневна „хибридна војна“ по…
Германија се соочува со хибридни напади од…
Полска стана шеста економска сила во ЕУ,…
Полската економија станува се позначајна во Европската…
(Видео) Околу 700 велосипедисти без облека возеа…
Околу 700 велосипедисти учествуваа на првото издание…