ММФ е уверен во издржливоста на глобалната економија и покрај неизвесностите
Генералната директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева денеска изјави дека е уверена во добрите економски перспективи и издржливоста на глобалната економија и покрај неизвесностите предизвикани од војните и сложените геополитички ситуации.
Во говорот на самитот на светската влада во Дубаи, Георгиева рече дека ММФ во понеделник ќе ја објави својата проценка дека постепеното укинување на експлицитните субвенции за енергија на Блискиот Исток може да заштеди 336 милијарди долари, што е еквивалентно на економиите на Ирак и Либија заедно, пренесува Ројтерс.
Таа посочи дека покрај заштедите, елиминацијата на регресивните субвенции за енергија го одвлекува вниманието од загадувањето и помага за подобрување на потрошувачката во социјалниот сектор.
Поради среднорочно намалување на производството на нафта, ММФ ја ревидираше прогнозата за раст на БДП за оваа година во регионот на Блискиот Исток и Северна Африка на 2,9 отсто.
„Иако неизвесноста е сè уште висока, можеме да бидеме сигурни во економските прогнози, бидејќи глобалната економија е изненадувачки отпорна“, рече Георгиева во својот говор во Дубаи.
Зборувајќи за конфликтот во Појасот Газа, таа предупреди на пошироките последици од израелско-палестинскиот конфликт.
Овој крајно неизвесен момент го влошуваат актуелните предизвици, а во исто време економијата се уште закрепнува од претходните шокови. Понатамошното проширување на конфликтот ќе ја влоши економската штета, предупреди генералната директорка на ММФ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СИ-ЕН-ЕН: АМЕРИКАНСКОТО РАЗУЗНАВАЊЕ ПРЕДУПРЕДУВА ЗА МОЖЕН ИРАНСКИ…
Американските разузнавачки служби располагаат со информации кои…
Инстант лоз „Мега милионер“ – гребни ја…
Во понудата на инстант лозови на Државна…
ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ СООБРАЌАЈ ВО ВАШИНГТОН ПРИВРЕМЕНО ЗАПРЕН: Амтрак…
Американската железничка компанија „Амтрак“ (Amtrak) привремено го…
НОВ ХАОС НА АМЕРИКАНСКИТЕ АЕРОДРОМИ: Падна системот…
Американската авиокомпанија United Airlines потврди дека се…
ДЕМОКРАТИТЕ ПОДГОТВУВААТ ГОЛЕМ УДАР ВРЗ ТРАМП: Се…
Американскиот претседател Доналд Трамп се соочува со…