Објавено на:

Многу европратеници се изненадени од случувањата и говорот на омраза во Македонија, вели поранешен бугарски амбасадор

t

Многу европратеници се изненадени од она што се случува во Република Македонија. Тие не се сомневаа дека може да има таков говор на омраза, изјавил европратеникот и поранешен бугарски амбасадор во Македонија, Александар Јорданов пред новинарите во Перник.

Јорданов изјавил дека е малку веројатно дека преговорите за европско членство на Република Македонија ќе започнат во рамките на овој Европски парламент.

„Можно е да има такви барања, таква желба, но само во Европскиот парламент ќе откријат прилично горчлива вистина. И тоа е вистината што ја видовме на скопските улици и плоштади. Начинот на кој со години се манипулира македонското општество за да зрачи таква омраза кон Бугарија – кон нашата историја, кон нашата култура, кон нашите големи историски личности. И што е најлошото, вклучително и за модерна Бугарија.

Ова допрва треба да се надмине, а добрата работа во францускиот предлог и овој протокол, кој го потпишаа министрите за надворешни работи на Бугарија и Република Северна Македонија, и следниот протокол што треба да се потпише, е дека во игра се сите бугарски тези и каузи кои ќе треба да ги браниме во иднина, во дијалог со македонската страна“, рече Јорданов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Земјотрес во Бугарија

Слаб земјотрес со магнитуда од 2,1 степени…

Бугарија ѝ предаде на Турција двајца криминалци…

Бугарија ѝ предаде на Турција двајца мажи…

Ритуал за прием со тепање, нацистички поздрави…

Бугарските власти разбиле неонацистичка организација, која се…

Бугарија ќе биде одговорна и за македонскиот…

Бугарија ќе биде одговорна за изградбата на…

Русија ги загрозува бродските рути во Црно…

Бугарските власти располагаат со разузнавачки информации и…