Многу е топло.. Груби прими албански репрезентативец и го нарече – наш!?
Поранешниот фудбалер на Вардар, Јасир Асани, денеска беше на прием кај македонскиот министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, што и не би било воопшто чудно ако неговата посета не беше поради неговите настапи за репрезентацијата на – Албанија.
Уште почудно е што т.н. прв вицепремиер јавно не му се заблагодари на талентираниот напаѓач, кој во минатото играше за младинските селекции на Македонија, но потоа избра да го носи дресот на сениорската селекција на нашиот западен сосед, за неговите добри игри и дебитантскиот гол за – „нашата репрезентација“.
„Му честитав на Јасир за двата одлични настапи во победите на нашиот национален тим, за спектакуларниот гол постигнат против Молдавија и го охрабрив да продолжи со одличната работа во однос на напредувањето во професионалната кариера. Ќе продолжиме да го поддржуваме во секој чекор од неговата кариера, посакувајќи заедно со репрезентативците да стигнат до пласман на Европското фудбалско првенство“, напиша Груби.
Засега нема појаснување дали е ова грешка во изразувањето од страна на министерот, или негова реакција на катастрофата на македонската национална селекција на гостувањето поради која решил да си бара нова репрезентација за која ќе навива и ќе ја нарекува „наша“. Но, без разлика на одговорот, факт е дека ова повеќе личи на вест од некој паралелен универзум, него од некоја развиена европска држава како што сакаме да мислиме дека е Македонија.
Асани, кој не по своја вина се најде во оваа „игра“, во моментов го носи дресот на корејскиот прволигаш Гванжу, каде што досега одигра 17 средби и постигна пет гола. Црвено-црниот дрес на Вардар, пак, го носеше во периодот помеѓу 2013 и 2017 година и настапи на 66 средби на кои реализира 17 погодоци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел ќе се приклучи на нападите врз…
Израелската армија проценила дека во моментов нема…
Новата рунда разговори за мир во Украина…
Најновата рунда дипломатски разговори околу Украина, која…
БРАВО! МВР поднесе нов закон за семејно…
Министерството за внатрешни работи (МВР) поднесе до…
Сиљановска-Давкова на Самитот на ЕПЗ во Даблин:…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска заедно со 50…
Лажеле дека купуваат трактори, трвделе дека се…
Неправилности при користењето на финансиската поддршка во…