Објавено на:

Многу пријателски: Поради можни инцидентите, Македонија со Бугарија нема да игра во Софија

t

Како што денеска јавуваат медиумите кај нашиот источен сосед, се разгледува можноста мечот од Лигата на Нации меѓу Бугарија и Македонија, закажан за во јуни, да се игра во Разград место во Софија.

Имено организаторот стравува од можни провокации и инциденти, па затоа место во главниот град би се играло во Разград каде што капацитетот е само 7.000 гледачи.

Познато е дека Бугарите обично играат на “Васил Левски“ во Софија кој собира 40.000 гледачи и јасно е дека таа бројка е голема за успешно справување со можни провокации.

Сепак ова е само идеја, одлуката допрва ќе биде донесена.

Инаку фотографијата е од трибините во Софија од еден од многуте инциденти во кои бугарските навивачи нацистички салутираат на стадионите, за што Бугарската фудбалска федерација повеќе пати беше казнета од УЕФА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рокас: Целта е по уставните измени да…

Ако Собранието ги усвои уставните измени, целта…

Состанок на лидерите од Процесот Брдо-Бриони во…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Охрид ќе…

(Видео) Бугарски навивачи нападнати на трибините во…

Марсеј и Левски вчера го одиграа натпреварот…

Трамп го покани Путин на самитот Г20

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека…

Зеленски предупреди дека Русија подготвува нов масовен…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа ги повика…