Многу топло време – температурите до 40 степен, УВ индексот 9
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува. УВ=9
Утринските температури ќе се движат од 8 до 13 степени, а максималните дневни ќе го достигнат 40-тиот степен.
Во Скопје сончево и тошло со максимална дневна температура од 37 степени.
За утре е најавено многу топло време со повисоки температури од денешните. Синоптичарите најавуваат максимални 41 степен. И деновите од викендот ќе се задржи многу топлото време каде прогнозите се дека температурите ќе се искачат до 42 степен.
Како што најавуваат од УХМР под влијание на топол бран следува период на многу топло време со високи температури кои ќе бидат над просекот и на целата територија ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури. Во недела кон крајот на денот ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Си Џинпинг: Конкуренцијата меѓу Кина и САД…
Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска изјави дека…
Сузан Сарандон уапсена на протестот против Нетанјаху…
Холивудската легенда Сузан Сарандон беше меѓу уапсените…
Франција испраќа војници и ПВО во Саудиска…
Франција ќе распореди војници, радари и системи…
Британскиот премиер по 40 години го враќа…
Британскиот премиер Енди Барнам изјави дека забраната…
Земјотрес вечерва стресе делови од Македонија –…
Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија…