МНР: ВМРО –ДПМНЕ преку шпекулации подложува да нанесува штета на дипломатијата и на државата

t

Министерството за надворешни работи во неколку наврати веќе ја информираше јавноста дека изборот за изведувач при адаптацијата на салата Борис Трајковски за потребите нa Министерскиот состанок на ОБСЕ е направен според критериумот најниска цена, стои во писменото соопштение на МНР. 

Со оглед на пристигнатите понуди, Министерството имаше обврска да ја одбере најевтината понуда, и од четирите понудувачи, избраната компанија имаше далеку најконкурентна понудена цена согласно очекуваните количини предвидени во техничката спецификација, односно:

Еуровиа – 93.746.070 ден. (избран понудувач)

Второрангирана – 120.668.981 ден.

Треторангирана – 134.015.461 ден.

Четврторангирана – 374.353.297 ден.

Целта на постојаните шпекулации е очигледна: прво  да се фрли дамка врз најголемиот надворешно политички настан во земјава од нејзиното осамостојување – Министерскиот состанок на ОБСЕ во декември, кога се очекува во земјава да пристигнат десетици високи делегации од целиот свет, предводени од Министрите за надворешни работи на земјите – учеснички во ОБСЕ; и второ, да се фрли дамка врз Претседавањето на земјава со Организацијата, процес кој и дома, но и во меѓународната дипломатија, е оценет како многу успешен.

Оваа борба за ситни политички поени од страна на раководството на ВМРО-ДПМНЕ нанесува голема штета на угледот на земјава, особено на дипломатијата, која во моментов е соочена со бројни предизвици и активности кои се од интерес на сите нејзини граѓани.

Уште еднаш посочуваме дека сме отворени за сите институции од интерес да остварат увид во документацијата и уште еднаш да ги ревидираат сите активности во рамките на постапката со цел да се отфрлат сите можности за шпекулации околу нејзината исправност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ денес слави четири години лаги со…

ВМРО-ДПМНЕ денес слави четири години лаги со…

Вистината за Кочани: ВМРО-ДПМНЕ да каже колку…

Речиси четири месеци Мицкоски и Тошковски ја…

Брлогот открива уште една агенција за обезбедување…

Благојчо Георгиевски бара од Министерството за внатрешни…

Нови кандидати за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ

Во Штип вечерва, ВМРО-ДПМНЕ го одржа своето…

Македонското МНР со сочувство до Индија по…

Од македонското Министерство за надворешни работи денеска…