МНР: ВМРО –ДПМНЕ преку шпекулации подложува да нанесува штета на дипломатијата и на државата
Министерството за надворешни работи во неколку наврати веќе ја информираше јавноста дека изборот за изведувач при адаптацијата на салата Борис Трајковски за потребите нa Министерскиот состанок на ОБСЕ е направен според критериумот најниска цена, стои во писменото соопштение на МНР.
Со оглед на пристигнатите понуди, Министерството имаше обврска да ја одбере најевтината понуда, и од четирите понудувачи, избраната компанија имаше далеку најконкурентна понудена цена согласно очекуваните количини предвидени во техничката спецификација, односно:
Еуровиа – 93.746.070 ден. (избран понудувач)
Второрангирана – 120.668.981 ден.
Треторангирана – 134.015.461 ден.
Четврторангирана – 374.353.297 ден.
Целта на постојаните шпекулации е очигледна: прво да се фрли дамка врз најголемиот надворешно политички настан во земјава од нејзиното осамостојување – Министерскиот состанок на ОБСЕ во декември, кога се очекува во земјава да пристигнат десетици високи делегации од целиот свет, предводени од Министрите за надворешни работи на земјите – учеснички во ОБСЕ; и второ, да се фрли дамка врз Претседавањето на земјава со Организацијата, процес кој и дома, но и во меѓународната дипломатија, е оценет како многу успешен.
Оваа борба за ситни политички поени од страна на раководството на ВМРО-ДПМНЕ нанесува голема штета на угледот на земјава, особено на дипломатијата, која во моментов е соочена со бројни предизвици и активности кои се од интерес на сите нејзини граѓани.
Уште еднаш посочуваме дека сме отворени за сите институции од интерес да остварат увид во документацијата и уште еднаш да ги ревидираат сите активности во рамките на постапката со цел да се отфрлат сите можности за шпекулации околу нејзината исправност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МНР го обвинува Радуков дека се меша…
Денеска, во Министерството за надворешни работи и…
ВМРО-ДПМНЕ: Над 470 милиони денари за нови…
Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека во изминатиот период…
ВМРО-ДПМНЕ: Добро е што Кузеска признава дека…
ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес-конференцијата на Богданка Кузеска,…
Манасиевски: Го повикуваме ЈО да постапи по…
Венко Филипче на вчерашната прес-конференција откри и…
ВМРО-ДПМНЕ: Пред да биде предоцна, Филипче да…
Венко Филипче е во специфична психолошка состојба,…