МНР: Групата од осум ученици и наставникот се на пат кон Анкара

t

Групата од осум ученици и нивниот ментор/наставник, државјани на Република Македонија, кои преку програмата „Еразмус плус“ престојуваат во Република Турција, го напуштиле погоденото подрачје од земјотрес и се на пат кон Анкара.

Како што соопшти МНР, во организација на Амбасадата на Македонија во Анкара, со две возила, учениците во текот на денот ќе пристигнат во турскиот главен град. Оттука учениците ќе бидат упатени кон Истанбул каде е обезбедено привремено сместување, сѐ до нивното заминување кон земјава кое се планира да биде во текот на утрешниот ден. Меѓу нив се и двата ученика кои беа повредени, и кои се во добра здравствена состојба и се чувствуваат добро.

Според последните информации, добиени денеска до 8:30 часот, во разорниот земјотрес, кој ја погоди југоисточна Турција, загинаа над 3300 лица и над 20 илјади се повредени, а над шест илјади згради се уништени. Засега нема нови информации пристигнати до Амбасадата во Анкара и Генералниот конзулат во Истанбул за други наши државјани кои се наоѓаат во евентуално загрозена состојба, или на кои им е потребна асистенција. Нашите претставништва остануваат отворени за евентуална интервенција доколку се појави потреба.

Од МНР уште еднаш упатуваат за каква било прашања нашите дипломатски претставништва во Турција се на 24-часовно располагање за сите евентуални прашања, на телефонските броеви: +905394569710 во Анкара, +905456149777 во Истанбул, и + СОС телефонот на МНР во Скопје 38975273732.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ИРАН СЕ ПОДГОТВУВА ЗА НОВА ВОЈНА: Техеран…

Иран би можел да изврши директен превентивен…

НОН-ПЕЈПЕР НА АВСТРИЈА, ЧЕШКА И СЛОВАЧКА БАРА…

Австрија, Чешка и Словачка, во заеднички неофицијален…

Трамп повторно со територијални амбиции: Канада ќе…

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја отвори…

Зеленски: Украина ќе ги обнови нападите врз…

Украина ќе ги продолжи нападите врз руските…

Вашингтон со ултиматум до Киев: Нови украински…

Американските разузнавачки претставници наводно упатиле сериозно предупредување…