МНР му дава на ВМРО-ДПМНЕ 24 часа за извинување

t

Министерството за надворешни работи остава простор од 24 часа за ВМРО-ДПМНЕ да се извини за, како што велат тие, лагите пласирани за време на празниците за несоодветна употреба на албанскиот јазик и понижување на македонскиот јазик од страна на министерот Бујар Османи.

-Почитувани, изминаа 24 часа откако беа демантирани грубите лаги од страна на ВМРО – ДПМНЕ, пласирани за време на празници, а партијата сѐ уште не испрати извинување. Како поука за понатаму, за партија која е фатена на дело како лаже, оставаме уште 24 часа да се извини и кон Министерството и пред сѐ кон јавноста која беше вознемирена за време на празници.

Со тоа, станува очигледно дека обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ преставуваат свесен обид за внесување меѓуетнички тензии и раздор во општеството, што може да се потврди и од вордингот и тајмингот на самата манипулација пласирана од ВМРО-ДПМНЕ.

Фактот што обидот за манипулација на јавноста беше направен за време на празници, претставува дополнителна навреда кон граѓаните на земјава, за што и очекуваме извинување.

Како одамна воспоставена пракса Министерот се обраќа на ист начин од почетокот на мандатот како министер за надворешни работи последните три години, како и претходно две години како Вицепремиер за европски прашања; на јавните настапи пред домашната јавност Министерот се обраќа на двата службени јазици, што е видливо и од самиот видео запис, при што за медиумите секогаш е обезбеден и соодветен превод, согласно Уставот и Законот за примена на јазиците. – велат од МНР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ гумат таблоид, сеат шпекулации за да…

Разбирлив е стравот на ВМРО-ДПМНЕ од претседателот…

Доколку не сака да заврши како СДСМ,…

Доколку не сака да заврши како СДСМ,…

(Видео) СДСМ: Учениците граматика ќе учеле од…

ДПМНЕ и министерката Јаневска по само два…

ВМРО-ДПМНЕ прво се извинија па сега откриваат…

Во два наврата претходно за време на…

Мециновиќ од Левица на состанок во кинеското…

Денес во Министерството за надворешни работи на…