МНР на Македонија и Бугарија ќе утврдат посебна институција за следење говор на омраза
„Се обидуваме да бидеме попрецизни. Има еден параграф од тоа што го договараме дека двете земји ќе утврдат институција која ќе го следи говорот на омраза. Инсистирав точно да кажеме која институција, за да не доведеме во ситуација утре, да речеме „не беше таа институција“. Земам банален пример, меѓутоа чисто ви кажувам начинот на кој што функционираме“, информира министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
Тој вели дека утврдиле двете министерства за надворешни работи на Македонија и Бугарија да бидат тие институции и точно ги напишале министерствата.
-Да не оставиме простор за ралзични интерпрентации, точно поучени од искуството на овие различни интерпретации на Договорот. Има билатерален протокол кој што ги решава прашањата од типот на говор на омраза, пристап до архиви, работата на Историската комисија и имате прашања од пакетот на преговарачката рамка, појасни Османи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Познати бугарски политичари и општественици повикаа на…
Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, е меѓу…
Србин осомничен за тероризам, со соучесник ги…
Литванските власти соопштија дека двајца осомничени за…
Петков и Јотова ќе се судат за…
Поранешниот бугарски премиер и лидер на партијата…
Бугарските компании се соочуваат со рекордни цени…
Сè поголем број компании во Бугарија размислуваат…
Напад со дронови во Црното Море кај…
Бродот што беше нападнат со дронови во…