МНР не одговара на прашањето на Инфомакс: Колкави хонорари земаат членовите на историската комисија за да ни ја распродаваат историјата?

t

Министерството за надворешни работи не одговара на прашањето на Инфомакс во врска со хонорарите кои ги земаат членовите на историската комисија со Бугарија.

Прашањето до МНР се однесуваше на вкупната сума која секој член на мешовитата комисија ја добил од почетокот на функционирањето на комисијата досега.

Членовите на комисијата преговараат за македонската историја, договараат промена на учебници, чествувања на личности и слично, земаат плата од парите на народот но МНР не смета дека е потребно јавноста да знае колкава сума земаат господата и госпоѓи експерти кои ни ги прекројувата и минатото и иднината.

Во јавноста се појавија шпекулации во врска со сумите кои ги земале дел од членовите на комисијата.

 Кружеа информации дека шест од членовите инкасирале околу 240.000 евра во текот на минативе три години.

Најмногу од нив инкасирал претседателот Драги Ѓоргиев, кој на име хонорар за својата активност добил некаде околу 80 илјади евра, објави ТВ Алфа, но никој не ги потврди ваквите информации.

Околу 35 до 40 илјади евра добиле Љубица Спасковска, Петар Тодоров и Љупчо Ристески, меѓу и 20 и 25 илјади евра добиле Александар Литовски и Дарко Стојанов.

Дополнително, експерти укажуваат дека членовите на комисијата не се соодветни за периодот за кој преговараат. Комисијата веќе се договори за заедничко чествување на Цар Самоил и Светите браќа Кирил и Методиј, како и за голем дел од средновековието.

Моментално комисијата преговата за учебниците и промените кои ќе се внесат таму, а од МОН исто така не одговараат на нашите прашања во врска со процесите за промена на учебниицте.

Македонците и целата македонска јавност има право да знае колку ги плаќаат “експертите” кои во нивно име ја распродаваат историјата, според досегашните неофицијални информации за прилично дебели суми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Номинирани амбасадори за Атина,Будимпешта,Сараево,Осло и Каиро

Поранешен директор на ЈП „Градски паркинг“, поранешна…

МНРиНТ: Тврдењата за постоење таен договор или…

Денешната прес-конференција на СДСМ е уште еден…

Муцунски: Две години активна дипломатија, посилни партнерства…

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…

Димитровски: И да го смениме Уставот поради…

Заменик-министерот за надворешни работи, Зоран Димитровски, во…

МНР остро ги осуди најновите руски напади…

Министерство за надворешни работи и надворешна трговија…