МНР порачува македонските граѓани да се воздржат од патувања во Русија

t

Во соопштение до медиумите, од МНР велат „Со оглед на одлуката на ЕУ и други европски земји, вклучувајќи ја и Република Македонија, за затварање на Европскиот воздушен простор за Руските авиопревозници, апелираме нашите граѓани кои престојуваат на територијата на Руската Федерација, да ги искористат сеуште расположливите комерцијални летови, копнени и морски линии за напуштање на таа земја. Ваквото предупредување следува поради можноста да дојде до целосен прекин на авио линиите од и кон Русија.

Соодветно, ги повикуваме сите државјани на Македонија кои во претстојниот период планираат посета на Руската Федерација, да се воздржат од патувања кон истата.

Министерството за надворешни работи на Република Македонија ги следи одблиску состојбите, и е во постојана комуникација со нашите партнери и сојузници со кои на дневна основа разменуваме информации и анализи за актуелните состојби.

За поддршка на државјаните на Македонија кои моментално се наоѓаат во Руската Федерација, стојат на располагање следните телефонски броеви на Амбасадата:
+ 74 99 124 33 57 (фиксен)
+ 79 58 643 34 63 (мобилен)
е-mail: [email protected]
[email protected]

Дополнително, нашите државјани може да се обратат и во Министерството за надворешни работи на дежурниот телефонски број +389 75 273 732 и следната е-меил адреса: [email protected]

Воедно ги известуваме сите нашите граѓани, кои се наоѓаат во или надвор од нашата држава, да ги следат и да се информираат само од официјалните канали на информирање кои доаѓаат од Министерството за надворешни работи, социјалните мрежи на Министерството и Амбасадата на Република Македонија во Москва.

Министерството за надворешни работи ќе продолжи да ги следи состојбите во Русија и навремено ќе информира за евентуални дополнителни насоки за постапување на нашите државјани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…

Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…

Новак: Поради украинските напади врз рафинериите, Русија…

Русија почна да увезува горива за домашниот…

(Видео) Најмасовен украински напад врз Москва и…

Украински дрон ноќеска погодил магацин на „Вајлдберис“,…

Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…

Украина во следните три до шест месеци…

Киев продира стотици километри во руската територија,…

Украинското Министерство за одбрана соопшти дека украинските…