МНР се огласи по скандалот со македонското знаме на Австралија Опен

t

Министерството за надворешни работи информира дека по добиените информации за пропустот поврзан со истакнувањето на официјалното знаме на Република Македонија на тенискиот турнир „Австралија Опен“, преку амбасадата во Канбера, реагирале до Министерството за надворешни работи и трговија на Австралија, како и до организаторот на турнирот, „Австралија Опен“.

-Оттаму добивме уверување дека се работи за ненамерен пропуст – техничка грешка која е веднаш исправена и која не предизвикала ефективни ограничувања. Беше испратено длабоко извинување и уверување дека инцидентот нема да влијае врз силните врски помеѓу граѓаните на Австралија и Македонија, кои се карактеризираат со пријателство и љубов кон спортот.

Организаторот појасни дека согласно важечките правила, на трибините за време на натпреварите на турнирот дозволено е да се веат само знамиња на учесниците на натпреварот; воедно добивме и потврда дека за време на учеството на нашата натпреварувачка Илина Ѓорчевска, официјалното знаме на земјава било присутно на трибините меѓу гледачите без никакви ограничувања, се наведува во соопштението на МНР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Серија дојави за бомби ги крена борбените…

Унгарија денеска трипати ги крена борбените авиони…

Трамп: „Суперинтелигенцијата е ЗЛАТО, само луди лидери…

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно изрази силна…

Касис понуди помош од ОБСЕ за Македонија…

Продлабочување на билатералната соработка, зајакнување на економските…

Мицкоски: Историски најголема разлика помеѓу извозот и…

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека податоците на…