Модата како бренд: Модата денес
Модата како бренд(2.)
Модата денес
Во контекст на мода и поимот модерно Бил Блас сугерира: “кога не знаете што да облечете, одлучете се за црвената боја“. Црвената е константа во светот на модата. Совршен избор е за секоја свечена прилика.Ја истакнува убавината на бринетите, акцентрирајќи ги сите квалитети, од очи преку коса, до линија на тело. Соврешено изгледа и кај плавушите, кај кои дава предност на светлиот тен, кој со црвената добива аристократски сјај. Ги прави неверојатно секси и бринетите и блондинките, а на секојшто ќе ги погледне му ја разигрува имагинацијата. Најдобро се комбинира со црна, бела и зелена. Тоа се комбинации за секој актуелен моден тренд.
Сите овие темели и фактори на убавината се составен дел на водата од нејзиното настанување до денес. Доколку успееме сите нив д ги совладаме во суштинска и формална смисла, тогаш најверојатно ќе сватиме дека Олег Kасини е во право кога вели дека “Модерното го носиме, но елегантното е состојба на умот… огледало на времето во кое живееме, превод на иднината и никогаш не треба да биде статично“.
За модата многу повеќе ќе научиме доколку успешно одговориме на прашањето:Кога настанала?
Најголемиот бројисторичари на уметноста, велат дека настанокот на модта е поврзан со еволуцијата на долгата машка и женска облека во кратка. Всушност, таквата промена настанала во Италија, Франција, Шпанија и Англија кога е напуштен темниот тажен и депресивен период и се јавиле првите никулци на ренесансата и просветителството.
Влијанието на италијанската ренесанса во стилот, односно начинот на облекување било изразено преку новото поимање на идеалната убавина. Тоа најмногу се гледа во книжевното и сликарското творештво на Данте, Рафаел, Петрарка, Букачо, Џото, Пизанело и др. Сите тие биле инспирирани од убавината и совршенството на женското тело. Секојво својот домен создава ремек дела кои влијале и извршиле големо влијание врз тогашното и натамошното градење на имиџот, елеганцијата, фантазијата, стилот и модата воопшто. Начинот на облекување прераснал во желба за раскош, сјај и гламур, преку кои се истакнувле и потврдувале супериорноста, престижот, достоинтвото и стилот на живеење.
Едни од првите цртачи-дизајнери на облека и креатори биле ненадминатите Леонардо Давинчи, Пизанело и Берлини. Всушнсот уметниците ја диктирале модата што граѓаните ја следеле. На мода биле женски фустани кои на горниот дел биле тесни, кон колковите се ширеле и завршувале со голем шлеп. Облеката била во светли бои, со набрани ракави и отворено и длабоко деколте. Таквата женска мода на преден план го истакнувала убаво извајаното женско тело со тенка половина, широки колкови и бујни гради.
Жените од Италија, Франција, Шпанија и Англија во тоа време биле опседнати од изгледот на своето тело, промената на бојата на косата, корекциите на тенот на лицето и кожата на телото. Тогашната мода својот вјрв го достигнува во 20-от век. Во Франција преовладувал луксузот во облекувањето а во Англија елегенцијата. Во Италија и Шпанија на преден план биле отменоста и хармонијата во облекувањето, кои се постигнувале врз претходна комбинација на линии, бои и ткаенини, а префинетоста со луксузните, скапи и светликави матеијали, со богат вез. Кога на ова ќе се додаде преубавиот накит и лелеавата тантела, сликата била комплетна. На цена биле жени чии тела ги карактеризирале полни облини и долги негувани коси. Таквите жени биле синоним за идеална убавина во Италија и Шпанија. Тие биле и музи на голем број сликари, како што се Тицијан и Бронцини, кои сликале фустани украсени со извонредни везови, црвено кадифе, појаси од благороднички камчиња и крзно. Сто тоа го изразувало богатството, луксузот и гламурот.
Начинот на облекување кај мажите се развивал побавно отколку кај жените. Најголемо влијание имале италијанците. Во Италија машкаа мода прва станала помпезна, богата и со препознатлив стил. Новините вовоедени во облекувањето на мажите во Италија, п отоа редовно биле превземани и од другите земји. 18-тиот век е наречен златен век на модата од причина што тогаш таа доживеала најголем подем, а секако и поради тоа што од тој век Франција го добила своето неприкосновено место во светската мода.
Сотир Костов
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Модата како бренд: Најпознати бренд имиња во…
Модата како бренд(4.) Најпознати бренд имиња во…
Модата како бренд: Модата денес
Модата како бренд(2.) Модата денес Во контекст…
Сотир Костов: Што е тоа мода?!
Дали е тоа нешто што е шик,…
Еден Стpaтег, една Струмичка Барбика и немopaлна…
Колумната е кратка приказна за селските и…