Модата како бренд: Најпознати бренд имиња во модата

t

Модата како бренд(4.)

Најпознати бренд имиња во модата

Најпознатите модни брендови покажуваат извонредна способност на брзо реагирање за потребите на пазарот во врска со модата. Сите тие без исклучок имаат одлични логистички и маркетинг информативни системи кои се клучни фактори за примена на концептот „брза мода“. Овој концепт се потпира на неколку централни  компоненти: одлични маркетинг информативни системи, флексибилно производство и логистички операции, одлична комуникација со ланците на снабдување и слично.

Во рамките на модната индустрија постојат неколку различни нивоа: ексклузивна висока мода, во која облеката се прави според мерка на клиентите, дизајнерски колекции на готова облека и имитации кои модните брендови ги пласират на широкиот пазар. Благодарејќи на филозофијата на брза мода, денес модата е во продавнциите и е многу попристапна за масовниот пазар. Најпознати модни брендови така наречени модни икони на оваа филозофија се: Agent Provocateur, Giorgio Armani, Burberry, Roberto Cavalli, Balanciaga, Chloe, Celine, Diesel, Alberta Ferretti, Jean Paul Gaultier, Dolce&Gabbana, Fendi, Gucci, Johan Galliano, Tommi Hilfiger, Donna Karan, Calvin Klein,Lanvin, Lacoste, Karl Lagerfeld, Levis, Stella Mccartney, Ralph Lauren, Zara, Missoni, Moshino, Hennes&Mouritz, Alexander Mcqueen, Prada, Issey Miyake, Jil Sander, Valentino, Versace, Naoki Takizawa, Viktor&Rolf, Vivenne Westwood, Yohji Yamamoto  и други. Неколку од нив на кратко ќе ги претставам на редовите што следуваат.

Зара (Zara)

Овој бренд води потекло од Шпанија. Корените на моментално најголемата модна империја во светот се посадени со отварањето на првата модна работилницаЗара во Ла Коруња од страна на Амансио Ортега во 1975 година. Денес Зара е во рамките на Индитекс групата со седиште во истиот град. Брзите реакции на барањата на купувачите и модните промени се вистинската причина за светскиот успех на овој бренд. Менаџерите на овој бренд велат дека во нивното работење се инспирирани од принципот на Тојота „точно-на-време“ и постојана грижа за квалитетот на  производството и барањата на клиентите. Поседува ланец на продавници чиј број е околу 1600 распоредени во 74 земји во светот. Како  составен дел од групацијата Индитекс чија вредност е околу 14 милијарди евра, Зара е нејзин носечки сегмент. Има  репутација на моден бренд кој продава модерни артикли со приступачни цени. Младите во последно време се повеќе ги прифаќаат и носат модните парчиња на брендот Зара.

Ханс и Морис (Hennes&Mouritz)

Бренд со потекло од Шведска. Создаден е од  страна на Ерлинг Персон во 1947 година со седиште во Вастерас и во почетокот продавал само женска облека. Експанзијата на Ханс и Морис отпочнува во 1968 година, најпрвин во Европа, а потоа во САД, Канада, Азија, Русија, Кина и Израел. Брендот е пркисутен во околу 20 земји и има 1100 продавници. Продава облека за жени и мажи. Основно мото на брендот „Мода и квалитет по најповолна цена“, всушност е неговата мисија. Во овој слоган се содржани трите основни вредности/принципи на брендот Н и М. Тоа се артикли со современ дизајн и модерни, кои поседуваат квалитет и се продаваат по  поволни цени. Инаку целите на  брендот се интензивирање на продажбата во постоечките продажни објекти и  зголемување на новоотворените продавници до 10% на ниво на година. Од овие причини брендот е се поприфатен и во голема експанзија. Рапидниот развој и глобалниот раст на брендот се случи во првите години од новиот милениум кога пристигнаа првите резултати од соработката со славните дизајнерски имиња. Стела Макартни, Роберто кавали, зими Чу, Карл Легерфелд, Виктор и Ролф. Не е за потценување и придонесот на званичните презентери на кампањите на овој бренд  олицетворени во Мадона и Кајли Миног. Наведените модни креатори креираа специјални модни линии и колекции, како дел од  новата стратегија на Хенс и Морис, со што дадоа специфичен шмек и карактер на модните артикли со заштитен знак Х&М. Тие станаа препознатливи како  блиски до обичниот човек и за него достапни поради не скапите цени. За 2009 година вредноста на брендот е проценета на 15 милијарди долари и според Интербренд брендот е рангиран на 21 место на листата на светски највредни брендови, со што е  највисоко котиран продажен синџир на листата.

Сотир Костов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Модата како бренд: Најпознати бренд имиња во…

Модата како бренд(4.) Најпознати бренд имиња во…

Модата како бренд: Модата денес

Модата како бренд(2.) Модата денес Во контекст…

Сотир Костов: Што е тоа мода?!

Дали е тоа нешто што е шик,…

Еден Стpaтег, една Струмичка Барбика и немopaлна…

Колумната е кратка приказна за селските и…