Може ли и по втор пат да се заразиме со Омикрон?

t

Дали постои ризик по прележана делта, да се заразите со омикрон сојот? Дали може два пати да се заразите со ист сој на коронавирусот? Колкав е процентот на ризик? Ова се само дел од прашањата и дилемите на кои одговор даваат стручњаците од Централниот истражувачки институт за епидемиологија во Русија.

„Ризикот од зараза со омикрон откако лицето прележало друг сој, на пример делта, според јужноафриканските епидемиолози, изнесува 15-20 отсто, додека веројатноста повторно да се заразите со ист сој е помала за 1-2 отсто“ – изјави за руските медиуми, Наталија Пшеничнаја од Централниот истражувачки институт за епидемиологија.

Според зборовите на стручњаците, се уште нема доволно податоци за да се одговори со точност на прашањето дали може да се добие омикрон два пати.Се уште не постојат податоци кои би го потврдиле тоа.

„Кај некои пациенти повторната инфекција е асимптоматска, додека кај други се забележува најчестиот симптом – затнат нос. Најголем број пациенти чувствуваат слабост, болка во мускулите и во зглобовите, главоболка и течење на носот, сува кашлица и потење. Посилните симптоми обично се забележуваат кај оние кои биле долго болни или се одамна вакцинирани, бидејчи имунолошката меморија со текот на времето ослабнува“ – додава Пшеничнаја.

Најновите студии откриваат и уште еден необичен симптон на заразата со омикрон што се манифестира во ушите. Според епидемиолозите, најчести проблеми со кои се соочуваат заболените од новата мутација на корона, се суво и болно грло, засипнатост и болки во мускулите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Превентивни мерки против Ковид-19 во грчките училишта

По зимскиот распуст поради новогодишните и божиќните…

Минатата недела имало 72 случаи на заразени…

Вкупно 47 пациенти со грип биле прегледани…

Студија: Карантините за време на Ковид-19 предизвикаа…

Дури и по завршувањето на карантините, забрзаното…

Големи загуби за Фајзер откако “Ковид-лековите” ја…

Фајзер во вторникот објави поголема од очекуваната…