Објавено на:

Можно е, но под нови услови: Еве како ќе изгледа враќањето на странските компании во Русија

t

Русија ќе носи одлуки во врска со враќањето на странските брендови и компании на рускиот пазар земајќи ги предвид интересите на рускиот бизнис, а условите под кои западните компании ќе се вратат ќе бидат различни од досегашните, изјави министерот за економски развој на Русија Максим Решетников.
Како што рече, заминувањето на странски компании отвори неверојатни можности за руските компании, како и за компаниите од пријателските земји.


„Тие компании целосно ја искористија ситуацијата. Дополнително, благодарение на програмите за државна помош, меѓу другото, во малиот и средниот бизнис сектор, руските компании успеаја за краток временски период да ги пополнат сите празнини и да ја зголемат понудата на стоки и услуги“, посочи тој.
Решетников изјави и дека руските компании направиле огромни инвестиции за да ги пополнат сите ниши кои останаа празни по заминувањето на странските компании.
„Сега е многу важно да се осигураме дека тие инвестиции ќе се исплатат“, нагласи тој.


Истовремено, рускиот министер нагласи дека е важно да се земат предвид потребите на клиентите и корисниците на услугите, да се одржи нивото на цените на пазарот и да се обезбеди лојална конкуренција.
„Во таа смисла, рускиот пазар ќе остане отворен. Сите одлуки ќе се носат поединечно, земајќи ги предвид сите фактори. Очигледно е дека руската економија е променета, затоа сите услови за доаѓање на странски компании, без разлика дали се работи за локализација, инвестиции или технологии, ќе бидат сосема поинакви“, заклучува Решетников.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…

Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…

Трамп ги замрзна санкциите кон Русија

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го стопираше…

Украина нападна руска радарска станица вредна околу…

Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…

Руските власти го уапсија главниот уредник на…

Уредникот на рускиот независен медиум „Новаја Газета“,…

Руте разговарал со Зеленски за важноста од…

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…