Можно е учебната година да започне со штрајк?!

t

Учебната година можно е да почне со штрајк, вели во интервју за Радио слободна Европа Томислав Гиевски, претседател на Независниот синдикат на образование и наука.

Апсолутно станува збор за огромно незадоволство коешто преовладува во основните и средни училишта, како резултат на понудените ниски 10 проценти од страна на владата преку општиот колективен договор. Постојат огромни шанси учебната година да започне со штрајк, ние како Независен синдикат за образование и наука активно работиме на окрупнување на силата со цел да можеме да го реализираме тој процес. Се разбира, доколку и побројниот синдикат го искористи тоа право, ние сме тука да се солидаризираме и да ги окрупниме силите за да ја оствариме таа цел. Револтот потекнува од најавените промени во секторот образование коишто не се совпаѓаат со законите. Револтот исто така е поради ниската потпросечна плата, а најголем е револтот на просветните работници поради непочитувањето на колективните договори, вели Гиевски во интервју за РСЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Просечна оценка од државната матура е 3,66,…

Просечната оценка од полагањето на матурата во…

Родителите од Долни Балван на протест против…

„Моменатлно имаме 14 деца и нив ќе…

Јаневска најави можно затворање на универзитети во…

Министерката за образование Весна Јаневска најави можно…

Епидемиолози влегоа во скопското ОУ „Невена Георгиева…

Дваесетина ученици и еден наставник од Основното…

Аларм во Просветен инспекторат: Каде е и…

Извори на Инфомакс алармираат за неправилности во…