Молиќај: Нацртот на ЗСО во Косово е застрашувачки
Лидерот на опозициската Социјалдемократска партија на Косово, Дардан Молиќај вели дека го прочитал нацртот на Заедницата на општини со мнозинско српско население во Косово и го оцени како „застрашувачки“, јави дописникот на МИА од Приштина.
Молиќај на Фејсбук напиша дека нацртот што го прочитал е оној што „им бил презентиран на партиите“, додека, според него, „го осакатува функционирањето на државата“ и е „катастрофален“.
– Го прочитав Нацртот на Заедницата објавен од Бурим Рамадани. Од многу извори се чини дека тоа е нацртот што им бил презентиран на партиите. Застрашувачки е. Го осакатува функционирањето на државата и перспективата на општеството. Ниту една заедница не е добра, но оваа објавена денеска е катастрофа, напиша лидерот на партијата која ја формираа поранешни водачи и членови на владејачката Движење самоопределување, незадоволни од начинот на кој актуелниот премиер, Албин Курти ја води таа партија.
Поранешниот главен инспектор на Косовската разузнавачка агенција, Бурим Рамадани во саботата објави документ за кој тврди дека е нацрт-статутот на Заедницата, кој на премиерот Курти му беше предаден од евро-американските дипломати на 21 октомври.
Курти одбива да зборува подетално за нацртот, бидејќи вели дека на тој начин го исполнува барањето на меѓународниците, меѓутоа рече дека предлогот е „сосема различен“ и „неспоредливо понапреден“ од досегашните такви предлози и документи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…
Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…
(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…
Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…
Курти по изјавата на Трамп: Треба да…
Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…