Момировски: Оставка според мене не е доволна, за ова предавство власта треба да одговара
„Ни велат овие од преку пат овде и таму од „Илинденска“ дека било тешко и дека немало алтернатива. Вие знаете дека секогаш има алтернатива. Зарем Питу Гули имал алтернатива во 1903-тата. Зарем Гоце Делчев имал алтернатива? Зарем Михајло Апостолски имал алтернатива кога се борел со бугарските фашистички окупатори овде во Македонија? И точно една работа дека нема подобар предлог од овој што сега ни се нуди, но само додека е оваа Влада на власт, само дотогаш нема подобра алтернатива“, истакна Горан Момироски на денешниот протест насловен „Ултиматум, НЕ благодарам“.
Момироски додаде дека оставка според него не е доволна. Некој за ова предавство мора да одговара.
„Во македонската историја секогаш имало каколо во житото, сме го имале Коте од Руља, да не ги редам тие од постарата генерација, но сега имаме и Љубчо од Делчево, Зоран од Муртино, Стево од Автокоманда, Димитар од Куманово. Секогаш сме ги имале и секогаш сме ги победувале во историјата и сега ќе биде така“, рече Момироски.
Момировски посочи дека предавниците сакаат да ја уништат Македонија со штетни договори.
„Предавниците, тие се тие кои што мораат да одговараат еден ден“, нагласи Момироски.
Тој запраша зошто власта го крие Протоколот од македонската јавност.
„Власта го крие Протоколот затоа што знае дека во него се поништува македонската нација. И од власта знаат дека за тоа нема да им простиме никогаш! За кого се бориме ние овде и сите што се со нас? Не за нас лично, туку за Македонија се бориме“, потенцира Момироски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…
Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…
Со честитка по повод Денот на независноста…
Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО,…
Новиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер…
Мицкоски: Растот на индустриското производство од 3,4…
Растот на индустриското производство во вториот квартал…
Работник Ром го пријавил шефот Албанец дека…
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…