Момироски: Дали е Прилеп безбеден град по сите силувања, убиства, тепање на полицајци?

t

Новинарот Зоран Момироски на Фејсбук го коментира вчерашното монструозно убиство во Прилеп и прашува „дали е Прилеп безбеден град и што се случува со луѓето кои живеат таму?„.

Во продолжение ја пренесуваме неговата објава на Фејсбук во целост:

КОЛУМНА 75

Другар го уби својот другар!!! Ова е епилогот од синоќешното убиство што се случи во центарот на Прилеп во непосредна близина на деветтокатницата.Убиеното 15 годишно момче од Сенокос со повеќе убоди од нож го убил негов другар и тоа момече на 15 години од истото село.И е приведено во полиција.Се работи на причините за предходната нивна расправија која заврши со фатален крај.Јавно преку фб родителите на убиеното момче изразуваат голема тага. И се простуваат од нивното дете.А кај граѓаните остануваат реакциите со прашањето:ДАЛИ ПРИЛЕП Е БЕЗБЕДЕН ГРАД ?!? И ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ГОЛЕМ ДЕЛ ОД ЛУЃЕТО КОИ ОСТАНАЛЕ И ЖИВЕАТ ВО ОВАА СРЕДИНА ? Прагот на толеранција е на најниско можно ниво.Состојбите во семејствата се одразуваат и на улица. Секој ден сме сведоци на тепачки со тешки а сега и смртни последици.Насилствата во семејството зачестија и кулиминраат. Се ,,крева рака,,и на полицајци.Под закана се обвинители.Дедо извршил сексуално вознемирување врз внука.Жени тепаат мажи. А мажи жени.Некој велат: Ова го има насекаде!!! Да го има во повеќе милионски држави.А не во ,,педа,,држава.Каде секој знае за секого.Каде секој живее со секого.И каде секој мрази секого.

Еколошката катстрофа врз вештачкото езеро со загадената вода од Присадската река која се влева во акумулацијата предизвика голем револт, негодување и осуда кај прилепчани. Водата заматена со голема концентрација од мермерна прашина од концесионерите кои го експлоатираат мермерот над и околу езерото претставува опасност и за еко средината и за тие што ја користат водата од езерото и за рибниот фонд.Во Присадската реке не течеше бистра и чиста вода, туку бела загадена вода. На наша иницијатива , единствено интервенираа само надлежните инспекциски служби и го утврдија загадувачот !!!Од базените од најголемиот концесионер во реката е пуштана вода со 100 % концентрација на мермерна прашина.Превземени се соодветни мерки и сега водата во реката е чиста,но, до кога прашуваат граѓаните,особено што примената на строгите законски мерки и казни е толку голема што на ниту еден концесионер не му трепнува око.Прилепчани на социјалните мрежи велат дека ова не е прв пат.И во изминатиот месец имало вакви еко ,,бомби,, и се си поминувало како да не било ништо .По ова како и по многу други прашања локалнте функционери и државните институции ниту ги има ниту ги интересираи, бидејќи грчките, турските и домашните концесионери кои го експлатираат ова непроценливо рудно богатство вртат многу пари а парата врти таму каде што е не сака да врти бургијата.За жал во оваа еко катастрофа ги нема ниту друштвата за еко заштита ниту невладините организации. Сите си молчат и си ги бркаат своите интереси и проект бизниси. Од водостпанското претпријатие ,,Прилепско поле,, задолжено да управува со езерото од кое се наводнуваат големи површини и од северниот дел од Пелагонија главниот проблем го лоцираат во тоа што секој концесионер треба да има базени со специјални мали пречистителни станици за ваква одпадна вода.За жал ниту некој од нив имаат , ниту некој од нив тоа го бара.Што е уште пострашно ниту некој тоа го санкционира.

Оваа еко катастрофа го отвори прашањето и со загадувањето на воздухот со мермерна прашина во Прилеп!?! Најголемо загадување на воздухот има кога дува ветер и со себе носи микро мермерна прашина која ја дишат прилепчани !!! .За ова прашање имав неколку истражувања и николку пати преку прилози го актуелизирав и на Канал 5, но ни тогаш ни сега , по овој горлив проблем тие што најмногу знаат за жал молчат !!! Јавно не сакаат да говорат.Што би рекол нашиот народ , од оваа тема бегаат како ,,Ѓаволи од темјан,, а знаат и експертите од рударскиот факултет во Штип, но и надлежните стручни лица во ресорните министерства кои во континуитет ја следат состобата. Под изговор да не се шири паника меѓу луѓето, тие избегнуваат да даваат било какви официјални изјави, но, неофицијално тивко без да слушне некој друг ја кажуваат вистината. Митот дека на Селечка планина има ураниум и дека поради негово зрачење во градот имало многу заболени од карцином е лага!!! Прилеп ако не повеќе ,бидејќи секако не ги бива за којзнае каков менаџмент барем ова докториве градоначалници кои ги бираме и оној куп доктори советници што седат во советот можат да го покренат ова прашање ,да го актуелизиират овој проблем, би рекол оваа енегма и на крај оваа опасност .Или можеби и тие како и досега и натаму ќе си молчат и молчешкум ќе дозовлуваат складирање на мермерен отпад во боровата шума близу вештачкото езеро, шума ,создадена со добороволни ученички акции за пошумување пред од 50 години.Јавно го прашувам овој наш градоначалник доктор Борче Јовчески: дали има потпишано било какво решение,одобрение,согласност за складирање на отпад од мермер во боровата шума меѓу езерето и рудникот Сивец?!?

Новиот кружен тек што се гради на раскрсницата кај домот на културата Марко Цепенков предизвика низа негодувања кај граѓаните.Во прилепски препознатлив манир и мајтап прилепчани констатираа дека со потешкотии сепак автобус може да се протне.Најавен како голем градежен проект од градоначалникот Борче Јовчески ,деновиве со аргументи беше демантиран. Тоа не е негов туку е проект од неговит сопартиец екс градоначаникот Марјан Ристески кој објективно во негово време го смени ликот на Прилеп и притоа направи град за пример, кој за жал неговите наследници не покажаа способност да го одржат направеното. Иронијата да биде уште поголема и следниот кружен тек како што најави Бокио што ќе се гради до крајот на неговиов мандат на раскрсницата кај населбата ,,Димо Наредникот,, е од Ристески а да не се заборави дека пред седум години од Марјан Ристески имаше најава и за кружен тек на раскрсниците кај Градска кафеана и Чумовчани.Ако кон ова се додаде и фабриката за преработка на отпад кај депонијата од Алиници тогаш станува јасно дека Бокио ,,икебаната,, всушност ја реализира или се обидува да ја реализира програмата од Мацио.Поради ова добро упатен, деновиве се обиде да ми ја открие и ,,тањата,, на предизборната програма и кампања на Борче Јовчески.Во принцип тоа ти било истата предизборна програма што ја имал Марјан Ристески кога ги загуби изборите од Илија Јованоски – Муцето.Симната од кумпјутер со мали измени на Бокио му ја дал истиот човек кој му бил близок соработник и на Ристески и на Јовчески, надополнета за безплатна храна на учениците од прво до четврто одделение и некои не многу значајни ,,шминки,,.Еден мој познавач на приликите тврди дека:овие од СДСМ биле толку многу ,,заслепени ,, и самоувоерени што ова не го забележале а Сугарески, загуби со 7500 гласа разлика од Јовчески. Објективно стравот во ВМРО-ДПМНЕ по однос на ова прашање бил некој од ,,недокваканиве,, да не се досети и да направи споредба меѓу избраната програма на Јовчески и Ристески. Меѓувреме предходникот на Бокио , неговиот ментор и другар Муцето го реконструира Булеварот Гоце Делчев. Значи овој ист проект се реализира во различни временски периоди и затоа е тешко да се верува дека кружниот би се вклопил а во иднина и рационално би му служел на граѓаните.

Зоран Пачешкоски – Цакио, генералениот директор на Тутунски комбинат и претседател на ОО на СДСМ ,,гол,, се пече на жар. Партијата го вработи и го постави за раководител на Подрачното одделение за земјоделие.Експресно беше прераспределен во УЈП за од таму откако малку одмори од проблемите со земјоделците го постави за генерален директор на Тутунскиот комбинат.Цакио стана и недопирлив и недостижен. Со ,,многу труд,, и со ,,уште поголемо знаење ,, тој со сета своја препотенција стана ,,Цар Мурат,, и со функциите што ги има никој не му е равен.И тоа не е проблем.Навикнал овој народ да гледа се и сешто.Сега негов и на неговите од тимот во партијата проблем е што Централата во Скопје побарала од Цакио на следните избори како знае да обезбеди најмалку 14.000 гласови ,,ЗА,, СДСМ на престојните локални избори. Во спортивоно е можно и очекувано да биде разрешен од претседател на ОО на СДСМ а според редот на нештата и од генерален директор на Тутунски комбинат.Објективно и во УЈП кога ќе се врати нема да му биде лошо оти тој реално и тоа го нема,,сонувано,,. Го слушам муабетов и си велам до кој ред дојде овој СДСМ – Прилеп ,со овие актуелни кадровски решенија.Притоа размислувам ако обврската е најмалку 14.000 за СДСМ , а од ВМРО-ДПМНЕ бараат над 18.000 илјади ,,ЗА,,! Каде ќе се најдат луѓе за другиве партии!?! Особено кога се знае дека над 35% а можеби и повеќе од прилепачни се или во април ќе бидат на печалба во странство за егзистенција ама и по живот во организирани средини , во држави каде што се знае ,кој јади, кој пие и кој плаќа.

Во презентација на нашата политичка култура,најчесто како по некој традиција определени луѓе се врзуваат за самата партија, па така ако некој има некакви забелешки за поединецот веднаш тоа се разбира дека е забелешка за партијата.Тоа е сосема погрешна наша перцепција и проценка.Еве еден пример за кој треба граѓаните да знаат, оти ЈКП Водовод и канализација постои за граѓаните а не за тие што работат таму или за тој што е на чело на претпријатитето.Последниот равизорски извештај за 2022 година ги потврдија моите забелешки што преку овие колумни му ги упатив на директорот Игор Гулабоски,предупредувајќи го дека, Водовод и канализација не е исто што и Печуркарата каде што предходно работеше ама тој од дете учен работите да ги гледа од повисоко,а како на пример од Годивље тоа го толкуваше како рекетарство. По таа логика сега претпоставувам, дека и овие ревизориве, можеби се рекетари?!?

А тие, откриле дека на определени вработени во ЈКП Водовод и канализација,Гулапчето ,,ептен дарежливо,, во континуетет им давал плус 30 % од плата ама притоа без да побара писмено образложение од раководители и шефови на сектори.Некои злобници велат дека тој најверојатно ,,усно им препорачувал ,, кого да го предложат за вакви награди, притоа можеби сакал ем да ја изрази дарежливоста ,ем да ги ,,намести,, бидејќи, е спротивно со Правилникот за плати. Ревизорите утврдиле : Исплатата на вработени во 2022 година со статус административни работници и даватели на јавни услуги се вршело селективно во различни износи од 1.500 до 3.500 денари.

Овие ревизори, меѓу другото, пронашле незаконитост и при планираните ,а особено при изведувањето на градежните работи за водоводна и канализациона мрежа . Тие биле изведувани без градежна дозвола.Ова најверојатно бидејќи никој не му можи на Гулабчето дека треба таква дозвола а за што и би му била кога е другарче со Бокио, плус ептен чесно човече и ептен како што вели дека се по закон работи?!? Притоа ревизорите откриле дека парите за извршените градежни работи биле исплаќани само врз основа на проценка на стручно лице со овластување на надзорен инжинер што било спротивно на законот за градење.А што е уште по страмно особено во времето во кое живееме Гулабоски по завршување на инвестициските градежни водоводни и канализациони работи во употреба се пуштани без одобрение односно стручен технички преглед од надзорен инжинер и без негово стручно мислење дека градбата е изведена како што треба и истата може да се користи. Абе ова и вака во овој 21 век не може и не смее да се прави среде село а не во град.Ама и за ова во СДСМ воопшто на никој не му ,пука,,!!! Или најверојатно во заедничкиот пазар на поединците од АД ВМРО-ДПМНЕ и од АД СДСМ во Прилеп и ова претпријатие е ,,пресметано,, во глобалната коалиција.

Од името на ВМРО-ДПМНЕ изјава за состојбите со детските негователки со нарушениот систем , за народски кажано полагањето на лиценци за детски негователки во градинките зборува Христина Трпческа ,директорка на ЈОУДГ Наша Иднина. Христина зборува за исполитизираните состојби во оваа област.За тоа дека кандидатки од Општините каде ВМРО-ДПМНЕ е на власт не можеле да дојдат на ред да полагаат и така натаму. Со Трпческа се согласувам сто посто и нејзе и верувам дека за ова се виновни и СДСМ и ДУИ.Еве јавно поради ова викам:УАААА за СДСМ И ДУИ.И во тоа не е проблемот.Проблемот е што Трпческа за заштита и згрижување на децта кажа се ама не кажа тоа што најмногу ги интересира прилепчани ШТО Е И ДО КАДЕ Е РАБОТАТА СО НОВАТА ДЕТСКА ГРАДИНКА ,,ТОЧИЛА,,?!? Две години и кусур не може да го завршите готов објект а околу 300 деца и нивните родители чекаат да бидат згрижени во оваа детска градинка. Бокио,како што јас нагалено си го викам градоначалников наш прилепски , не убедуваше само што работите не се докрајчени. И даваше нови рокови. Ама ни предходниот ни последниот септември градинката не е пуштена во употреба. Во даден рок од негова страна јас не верувам.Дури да се сретнам и добар ден да ми рече во часовников ќе се испулам за да бидам сигурен дали е ден или ноќ. Ама тоа не е ни битно.Најбитно е Прилеп и прилепчани ја немаат градинката.На децата им се нарушени основните детски права ама за тоа молчите !!! Ете викнав погоре и против СДСМ и против ДУИ. Е сега сакам да ја прашам директоркава на градинкиве ,по кого да викаме : УАААА ?!?!?

Во рамките на предизборните општински каранбули треба да биде разрешен и Влатко Кузманоски, Директор на Основното училиште Кире Гаврилоски-Јане.За нов директор, неофицијално треба да биде поставена Снежана Шубеска – социолог. Официјално за разрешувањето на Кузманоски, по негово барање поради здравствени проблеми,се чека на мислење од антикорупциска поради тоа што е изборен процес.Неофицијално, причините за оставката најверојатно се поради меѓусебни внатрепартиски прегрупирања и поделби, на ,,твои,, и на ,,мои,,! Упатени тврдат дека Кузманоски подолг период бил и заменик претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, но , не се согласувал со политиките што ги спроведувале во партијата и меѓу членството Дејан Проданоски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ .Тоа придонело Кузманоски да биде разрешен од оваа партиска функција, а на прашањето: зошто ,потпретсадателско место во О.К.на ВМРО-ДПМНЕ подолго време е празно треба да одговори само Проданоски .Како и да е, па дури и која и да е причината, вклучувајќи ги здравствените причини,оценките на колегите од Кузманоски се дека станува збор за добар наставник, колега и другар.А проблемот мора и треба итно да се реши , бидејќи училиштетот објективно функционира исто како да нема директор а цехот го плаќаат колективот,учениците и институцијата во целина.

ЛИНК од објавата

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Приведени двајца дилери од Прилеп, пронајдена дрога…

На 05.05.2024 околу 21.30 часот на регионалниот…

Затвореници се обиделе да убијат осуденик во…

СВР Битола поднесе кривична пријава против С.Р.(28)…

(Документи) Се местеле ли тендери за фирма…

Фирма блиска до потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар…

Трагедија: Загина 29-годишно момче на патот Прилеп-Градско

Загина 29-годишно момче од Прилеп во сообраќајна…

На сред ноќ упаднале во домот на…

На 20.03.2024год., во 03:30 часот во Полициската…