Момчето од Битола починало од неконтролирано внатрешно крварење, покажа обдукцијата

t

Обдукцискиот наод за причините за смртта на 24 годишниот С.Т. од село Цапари, Битолско, кој почина во Битолската болница откако беше примен со висока температура и трески, покажа дека починал од дисиминирана интраваскуларна коагулација ДИК или брзо трошење на факторите за згрутчување на крвта што доведува до неконтролирано крварење од многу органи и системи.

Момчето во вторникот, на 26 септември, било лекарски третирано и му била дадена терапија, по што било пуштено дома. Но, ноќта меѓу вторникот и средата тоа повторно добило висока температура, по што дошло до влошување на состојбата. Во таква ситуација момчето се вратило во болница.

За жал наодите од направените лабораториски анализи беа доста лоши. Момчето беше примено во болницата вчера во утринските часови. Претходно тоа било високо фебрилно дома седум дена, каде не било лекувано, бидејќи не се јавувало на лекар. Претходниот ден дошло на Инфективно, земени му беа брисови, лабораториски испитувања и било пуштено дома со терапија. Но, ноќта повторно било високо фебрилно и вчера утрото беше примено на Интерното одделение контактибилно, но, имаше многу лоши наоди од лабораторија. Го зедоа во службата за анестезија, бидејќи имаше целосен дисбаланс во организмот. Таму беше до 18 часот, но состојбата се влошуваше од час во час. Комплетно беше третирано со направени анализи на компјутер, глава, абдомен, торакс, повикани беа конзилијарно лекари од други одделенија на болницата. Го прегледаа доктори од Неврологија, Инфектологија, ОРЛ, Хирургија, Очно и други одделенија. Но, за жал момчето почина-изјави за Слободен печат директорката на Клиничката болница во Битола, д-р Елизабета Ивановска.

Смртта на младото момче од Битолско ја вознемири битолската јавност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Меџити: Промените победија во Србија, крајот на…

Еден од копретседателите на ВЛЕН и градоначалник…

Сиљановска со честитка за исходот на изборите…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го поздрави исходот од…

Нетанјаху бара од Трамп поголема јавна поддршка…

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, изминатите денови побарал…

Фон дер Лајен, Кошта и Марта Кос…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Денес се празнува Светата великомаченичка Злата Мегленска

Родена е во селото Слатина, во Мегленската…