МОН ветува: Сите ученици навреме ќе ги добијат свидетелствата за учебната 2022-2023 година

t

Сите ученици навреме ќе ги добијат свидетелствата за учебната 2022-2023 година, завршена е постапката за набавка и во тек е испораката, соопшти денеска Министерството за образование и наука (МОН).

-Учениците од основните и средните училишта навремено ќе ги добијат свидетелствата за учебната 2022-2023 година, во текот на јуни. Бирото за развој на образованието под чија надлежност е спроведувањето на постапката за набавка на педагошка документација за училиштата, вклучително и свидетелства, веќе ја реализираше оваа обврска. Според информациите од БРО, склучен е договор со економски оператор и истиот веќе ги испорачува свидетелствата за сите одделенија, а завршена е доставата за учениците од четврто и деветто одделение во основното образование, како и за учениците од завршните години во средното образование, наведува МОН.

Според МОН, по целосната испорака, секое училиште индивидуално ги одредува датумите за доделување на свидетелствата за секое одделение.

-Апелираме тоа да се случи што поскоро по завршување на наставната година, која согласно календарите за организација на работата на училиштата, за основците трае до 14 јуни, додека за средношколците до 9 јуни, се наведува во соопштението од МОН.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сиљановска-Давкова упати сочувство до Полска по нападот…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова изрази сочувство до семејствата…

Пред 85 години првпат е изведена песната…

На денешен ден, 8 ноември, пред точно…

Нови случаи на семејно насилство: закани со…

Маж се заканувал со дрвен предмет на…

Митровден бил домашната слава на светите Кирил…

Силен, воинствен, неустрашив генерал му требало на…

НМКД наместо МКД: Во Грција прекршен меѓународниот…

Грчката национална телевизија ЕРТ го прекрши меѓународниот…