МОН одобриле нови учебници за средно образование, ќе се печатат етапно
Во 2022 година Педагошката служба одобри стотина учебници за средно стручно четиригодишно образование, за општо-образовни предмети и за Математичко-информатичката гимназија. А за голем број предмети, постапките за изработка и одобрување на учебници се во тек, соопштуваат од Министерството за образование и наука (МОН).
Според МОН, листата со одобрени учебници постојано ќе се надополнува и како што најави министерот Јетон Шаќири, постапките за печатење етапно ќе се заокружуваат сè додека целиот процес за сите учебници не биде завршен.
Во буџетот на МОН секоја година се предвидуваат наменски средства за одобрување, односно набавка, печатење и дистрибуција на учебници за основно и средно образование. На почетокот на годинава приоритет се даде на учебниците во основното образование, а наскоро ќе започне и печатењето на учебници за средно стручно образование, кои се одобрени и за прв пат ќе ја најдат својата примена во наставата. Со тоа ќе се надмине предизвикот кој постоеше долги години наназад, по многу предмети во средното стручно образование кое е дефицитарно и во фокусот на политиките за развој и промоција, не постоеја никакви учебници, велат од МОН.
Материјалите од кои учениците учат се директно поврзани со наставните програми, постигнувањето на планираните резултати од учењето и стекнувањето на потребни компетенции.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Просечна оценка од државната матура е 3,66,…
Просечната оценка од полагањето на матурата во…
Јаневска најави можно затворање на универзитети во…
Министерката за образование Весна Јаневска најави можно…
Аларм во Просветен инспекторат: Каде е и…
Извори на Инфомакс алармираат за неправилности во…
Пратениците гo намалија бројот на стипендии за…
По скратена постапка денес во Собранието беа…
Јаневска: Доколку не вложуваме во вештачката интелигенција…
Вештачката интелигенција е реалност. Таа не е…