МОН се предомисли, ќе се формира Комисија која ќе предложи корекции или нов учебник по историја и општество за петто одделение

t

Како резултат на увидените грешки во учебникот по Историја и општество за петто одделение, целосно оправданите реакции на јавноста и согласно дописот од Здружението на историчари, Министерството за образование и наука и Педагошката служба информираат дека ќе се формира комисија која ќе ја преиспита целата содржина и ќе даде предлог за соодветни корекции.

Комисијата ќе има законски утврден рок од 10 дена за да достави извештај до министерот за образование и наука, а потоа конкретни насоки за постапување ќе бидат испратени до економскиот оператор задолжен за графичко уредување, превод, печатење и дистрибуција на учебникот.

МОН апелира до надлежните стручни тела и органи кои се дел од процесите на одобрување на учебници, да продолжат да работат на подобрување на содржината на учебниците кои се користат во основното и средното образование. Секако, во целиот процес и понатаму ќе биде вклучена јавноста, односно граѓаните кои имаат можност да доставуваат коментари, сугестии и забелешки за учебниците на електронската адреса [email protected].

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ до Студентската листа: Ужасно ми е…

Претседателот на пратеничката група „Александар Вучиќ –…

Прекин во услугите на „Епл“: Корисници пријавуваат…

Корисници на „Епл“ на 17 ноември пријавија…

(Фото) СДСМ доживеа дебакл на протестот во…

Најавата на СДСМ за протест во Охрид…

МВР: Од 15 ноември до 15 март…

Од 15 ноември почна законската обврска за…

Бајден за потегот што го загрижи Кремљ:…

Поранешниот американски претседател во книгата „Ветувај ми,…