Мопсот Џини Лу е најгрдото куче на светот за 2026 година: На сопственичката ѝ донесе награда од 5.000 долари
Во Калифорнија на 14 август се одржа 50. издание на американскиот натпревар за најгрдо куче во светот, каде титулата ја освои шестгодишен мопс по име Џини Лу, пренесува „Евроњуз“.
Натпреварувачите на традиционалниот натпревар имаат една заедничка карактеристика: генетиката не била особено љубезна кон нив, но тоа не значи дека нивните сопственици ги сакаат помалку.
„Веќе 50 години, овој настан ја слави уникатноста на секое куче, споделувајќи важна порака за сочувство, спасување и прифаќање“, изјавила Менди Кленденен, извршен директор на Земјоделското здружение Сонома-Марин, во официјалното соопштение.
Победник е Џини Лу, куче од расата мопс, кое ѝ донесе на својата сопственичка Мишел Грејди награда од 5.000 долари, како и патување во Њујорк, каде што ќе се појават заедно во емисијата „Тудеј шоу“ на „Ен-би-си“.
Приказната за Џини Лу датира од планините на Јужна Кореја, каде што била спасена од трговијата со кучешко месо.
Второто место го освои Пинка, мешавина од албино померанец и чивава препознатлива по своите стаклени очи која освои 3.000 долари, додека третото место го освои Ото, мешавина од чивава родена со двојна расцепена усна и беше наградена со 2.000 долари.
Натпреварот е основан во 1976 година и неговата цел не е да се потсмева на животните, туку да се промовира посвојувањето на сите кучиња, без оглед на нивните физички дефекти и несовршености.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Албанија и понатаму заостанува далеку зад ЕУ…
Албанија продолжува да заостанува далеку зад Европската…
Сиљановска-Давкова: Градењето држава е долг процес, потребни…
По повод 8 Септември, Денот на независноста…
По повод 8 Септември: Почесна артилериска стрелба…
По повод одбележувањето на 8 Септември –…
Стан во Белград платен 2,6 милиони евра,…
Во првата половина од 2026 година, најскапо…
Тошковски: Интензивно се работи на расчистување на…
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска…