Објавено на:

Моравјецки: Русија денес е ранета мечка

t

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки изјави дека западните земји погрешно ја процениле Русија и не испратиле доволно помош во земјата.

Според него, Русија денес е ранета мечка. 

„Некои многу рано проценија дека е победена во судирите во Украина. Тоа е моќна држава со голем потенцијал, а ангажиран е само еден негов дел“, додаде тој.Вели дека постојат пукнатини во европската солидарност.

„Има земји кои би ја поддржале Украина за да го положи оружјето, наместо да се обидат да го зајакнат нејзиниот одбранбен потенцијал“, кажа премиерот. 

Полска претходно се пожали дека ЕУ не дала пари за бегалците од Украина кои се кај нив, иако ветила. Исто така соопштија дека дале многу оружје на Украина, со што нивните воени залихи се намалени. Полска како и многу други земји се плаши дека ако падне Украина, Русија тука нема да запре со својот воен поход. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украински напад врз една од најголемите руски…

Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…

Иран и Русија планираат изградба на гасовод…

Иран планира во соработка со Русија да…

Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…

Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…

Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…

Кина потврди дека се водат разговори за…

Трамп: Русија и Украина за првпат се…

Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…